Промоција на кампањата “На секое дете му треба семејство” во Ресен

Во организација на ЈУ Центар за Социјални работи Ресен и локалната самоуправа на ден 17.07.2018 година (Вторник) со почеток во 11 часот во големата сала на општина Ресен ќе се оддржи јавна презентација во склоп на кампањата: “На секое дете му треба семејство” поддржана од Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС детското село со цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа.

Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовска: “На секое дете му треба семејство. Слоганот на оваа кампања најдобро го опишува процесот за деинституионализација. Термин кој е сложен и тежок за разбирање, но означува реформа која е крајно хумана и насушно потребна во нашата земја.” Понатаму министерката Царовска изјавува: “Преку деинституионализацијата, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години ќе ги извлечеме од институциите и ќе ги сместиме во мали групни домови, згрижувачки семејства или друга форма на соодветно сместување.”

Кампањата ќе биде реализирана во текот на овој и следниот месец, со организирање на средби во триесет градови, помогнати од локалните самоуправи, центрите за социјална работа и СОС детско село.

Иницијативата доаѓа како дел од заложбите на Владата за обезбедување на услови за секое дете без родителска грижа да растат во безбедна и грижлива семејна средина.

Во тренд…