(Видео) Дескоска: Изборот на ДИК не смее да биде во пакет со никакви амнестии и услови за технички и пржински влади

Изборот на ДИК не смее да биде во пакет со никакви амнестии, услови за технички и пржински влади, порача денеска министерката за правда, Рената Дескоска.

Според неа, изборот на членови на ДИК е приоритет што не треба да се условува со амнестии или други закони како тие за формирање техничка влада пред избори или за промена на моделот на финансирање на партиите.

„Нам ни се потребни функционални институции, а секое доцнење може да значи недоволна спремност за спроведување на референдумот за договорот со Грција“, рече министерката за правда.(Makfax)