Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Во Грција има 2 500 деца мигранти без родители
Околу 2 500 малолетни мигранти кои немаат родител или старател се наоѓаат во Грција. Тоа е две третини од вкупниот број мигранти во земјата. Невладината организација „Метадраси“ предупреди дека овие деца мигранти не ги користат сместувачките капацитети за мигранти и дека се наоѓаат во опасна ситуација.
„Според податоците на Националниот центар за општествена солидарност, 3 670 малолетници кои се без старател моментно се наоѓаат во земјата, а само 1 135 од нив се сместени во домови или кај семејства, а останатите се во опасна ситуација“, рекла Евдокија Грилаки од „Метадраси“.
Најголемиот дел од незаштитените малолетници се Пакистанци кои немаат вообичаен профил на бегалци кои имаат можност да користат заштита, каков што е случајот со Сиријците.
Според Грилаки, 12 отсто од малолетниците без заштита немаат фиксно место на престој, а во училиште одат само 66 отсто.
„Сега е предизвик да се најде решение за нивна интеграција, пред сè преку образованието затоа што се очекува поголемиот дел од нив да останат во земјата“, рекла Грилаки и додала дека тоа е така затоа што овие деца не спаѓаат во категоријата за релокација или семејно соединување.
Во Грција има 28 прифатни центри за малолетници без старател со вкупен капацитет од 1 115 места.