Ни доаѓа посвежо време, дожд и грмежи – еве од кога

Утре ќе се задржи претежно сончево и топло време, а само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 23 до 35 степени.

Во вторник попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните делови.

Во среда и четврток ќе биде малку посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа се очекува претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури.

Во тренд…