Што се очекува од средбата меѓу Трамп и Путин

0 Shares

По хаосот во НАТО и посетата на Велика Британија, американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжува турнејата на самит со рускиот претседател Владимир Путин. Се ближи средбата, која со нетрпение ја очекуваат не само во Русија и САД, туку и во целиот свет. За што ќе разговараат двајцата лидери, ќе има ли договори или надмудрувања и дали ставовите за најтешките светски прашања барем малку ќе се доближат, анализираат светските медиуми.

Овојпат Хелсинки е избран од логистички причини, но престолнината на Финска, не е прв пат место за средба на американски и руски, односно советски претседатели. Хелсинки веќе бил домаќин на Брежењев и Форд, Горбачов и Буш, Елцин и Клинтон. Утре, во исто сложени околности, ќе ги пречека и Путин и Трамп.

„Го имама НАТО, ја имама Велика Британија, која некако е во превирања и го имам Путин. Искрено, Путин би можел да биде најлесен од сите, кој би рекол“ порачал Трамп.

Ни пријател, ни непријател, Трамп го поставил Путин во трета категорија, пред да замине на евриопската турнеја.

„Што се однесува до мене, тој ми е конкурент“ рекол американскиот претседател.

Од конкурентската Русија, Трамп очекува разговор за важни прашања.

„Се надевам на отворен разговор и на цел спектар прашања кои ги поткопуваат односите на двете земји“ рекол шефот на дипломатијата на Русија, Сергеј Лавров.

Во разговорите, се очекува и темата за Сирија. Си-Ен-Ен наведува дека Трамп се надева на договор со Путин, кој би овозможил брзо повлекување на американските трупи од Сирија.

Според експертите, главна тема на разговорите меѓу двајцата лидери, ќе биде намалување на санкциите кон Русија, а Трамп тоа ќе го искористи како средство за заплашување на европските сојузници, кои не вложуваат доволно.

За САД силна карта, како што тврдат, не е Асад, туку Иран. Според советникот на Трамп, Џон Болтон, тоа е клучно прашање.

На агендата нема да се најде Крим, барем така тврди Кремељ, Поради Крим, Русија е под санкции на САД и ЕУ.

0 Shares