Температурите ќе опаднат, а заледените реки ќе станат честа појава – научници тврдат дека не очекува „мини ледено доба“

За 12 години, на Земјата ќе почне ново „мини ледено доба“, кое накратко ќе го прекине глобалното затоплување, тврдат британски и руски научници.

Истражувањето кое заедно го спровеле британски и руски научници покажува дека до 2030 година би можело да дојде до „мини ледено доба“.

Температурите значително ќе опаднат, а заледените реки и снегот ќе станат честа појава.

Научниците го користеле математичкиот модел на Сонцето и со набљудување на електромагнетната активност пресметале како тоа ќе се одрази на температурата на Земјата.

Тие веруваат дека Сончевите електромагнетни бранови ќе почнат да слабеат 2021, а тоа ќе трае 33 години.

Иако математичките предупредувања не може да се земат како сигурен доказ, научниците наведуваат дека е многу веројатно дека не очекува „мини ледено доба“.

Во тренд…