Playboy ја објави првата фотографија на муслиманка во хиџаб

Списанието Playboy, чиј заштитен знак до пред извесно време со децении беа разголените ткн „зајачици“ и „меката“ порнографија, првпат објави фотографија на муслиманка со хиџаб со што предизвика и пофалби и критики.

 

Станува збор за 22-годишната американска новинарка од либиско потекло Нур Тагури, која работи за видео каналот Newsy и за последниот број на Playboy е фотографирана со црна кожна јакна, фармерки, патики и хиџаб, исламска шал кој ја прекрива главата, а претставничката како активистка „којашто оди само напред“.

Тагури е гостинка на октомвриското издание на магазинот во серијата којашто е посветена на луѓето „кои ризикуваат сé, дури и животот, да го работат она што го сакаат“. Неа на социјалните мрежи ја следат повеќе од 100.000 луѓе.

Таа истакнува дека нејзината цел е да стане првата телевизиска најавувачка во „хиџаб“ на некоја американската комерцијална телевизија. Открива, притоа, дека морала да се бори како муслиманка додека растела во САД, а таа борба ја зајакнала да напредува во кариерата.

Нејзината приказна во Playboy, кој претходно годинава објави дека се откажува од објавувањето на разголените убавици поради огромната конкуренција во тој сегмент која е лесно достапна на интернет, како и во настојувањата да освои поширока публика преку новиот приод на темите и нивното обработување, многумина го пофалија како добар потег на магазинот во неговиот развој.

Меѓутоа, многумина и ја нападнаа младата Тагури затоа што се согласила да даде интервју за списанието.

„Playboy, кој е синоним за порнографијата, со децении беше на првата линија на кампањата за сексуализирање на жените, претворањето на жената во објект“, пишува порталот The Muslim Vibe./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)