ВЕЧЕРВА СООПШТЕНА ТРАГЕДИЈА: Загина познатиот топ модел

Познатиот поранешен белоруски модел Наталија Макеј, починала на 43-годишна возраст, објавија во петокот локалните медиуми.



Според првичните податоци, Макеј починала како последица од труење со јаглерод моноксид, кој истекувал поради неисправност на гасниот котел. Неколку часа пред нејзината смрт таа телефонски разговарала со својата мајка, при што ѝ кажала дека се чувствува добро и оти со неа сé е во ред

Наталија Макеј, инаку дипломирала на политехничката академија. Уште на почетокот од студиите започнала со учества во забави емисии и снимала реклами како модел. Позната беше и како организатор на шоу емисии, интернационални и национални избори на убавици.

„Како студентка на политехничката академија, се занимавав со ‘несериозно’ хоби, да одам по подиуми и да снимам реклами. Некако сето тоа се развиваше и стана дел од целиот мој живот“, раскажал Макеј во едно од своите интервјуа.

На социјалните мрежи многу пријатели и поранешни и сегашни колешки на Макеј ја изразија својата тага поради нејзината прерана смрт.

„Беше софистицирана, интелигентна, добра, љубезна, многу убава… Многу е тажно… Секогаш кога ќе разговаравме и ќе се сретневме, од неа запраша многу топлина“, напиша на профилот на трагично починатата Наталија на Facebook, светски познатата колешка Ирина Кабасакал.

Loading...

JT Fixed Display