СООПШТЕНА ЖАЛНА ВЕСТ: Почина познатата актерка

Пред неколку дена хоспитализираната во Лос Анџелес по срцевиот напад холивудската актерка Кери Фишер која се прослави со ролјата на принцезата Леа во научнофантастичната епопеја „Ѕвездени војни“, почина во вторникот пренесуваат американските медиуми.

 



Претходно интернет изданието на магазинот Hollywood Reporter пренесе дека 60-годишната Кери Фишер била приклучена на апарат за вештачко дишење.

Актерката пред три дена доживеа срцев удар во текот на летот од Лондон во Лос Анџелес, во кој е родена во 1956 година. Таа добила итна медицинска помош во самиот авион, која ѝ ја укажал нејзиниот лекар кој летал заедно со неа. Според полицискиот извештај, ударот го добила петнаесетина минути пред слетувањето, а реанимација ѝ била укажана на аеродромот по што била хоспитализирана.

Била хоспитализирана во критична состојба веднаш по приземјувањето на авионот на аеродромот. Подоцна нејзиниот брат Тод Фишер изјави дека актерката „излегла од критична состојба“ и оти нејзината состојба е стабилизирана.

Фишер го толкуваше ликот на принцезата Леа во оригиналната трилогија на „Star Wars“ во периодот од 1977 до 1983 година, а во таа улога се врати и во 2015 година во новиот филм од серијалот „Силата се буди“ (Star Wars: Episode VII – The Force Awakens).

Своите мемоари го објави оваа 2016 година под насловот „Дневникот на принцезата“/извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display