Обдукцијата покажа дека смртта на Џорџ Мајкл е „нејасна“

Обдукцијата којашто требаше да ја потврди причината за смртта на пејачот дала „нејасни“ резултати, јавува во петокот BBC повикувајќи се на полициски извори.



Славниот британски поп пејач Џорџ Мајкл почина во неделата во својот дом во Оксфордшир во 53-та година.

Сега треба да бидат спроведени дополнителни испитувања за да се утврди што довело до неговата смрт, соопшти полицијата, а резултатите ќе бидат познати дури за неколку седмици.

Смртта на Џорџ Мајкл сé уште се води како необјаснета, но не и сомнителна.

Ѕвездата која во кариерата продаден 100 милиони носачи на звук, починала мирно во неделата соопшти семејството, а во неговата смрт нема сомнителни околности, соопштија во неделата полициски извори./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...