Почина познатиот менаџер

Првиот менаџер на славниот бенд The Beatles, Алан Вилијамс почина на 86-годишна возраст, објави во петокот клубот во Ливерпул чиј сопственик беше.

 



„Денеска на возраст со 86 години умре нашиот основач и човекот кој ги откри The Beatles. Ќе ни недостигаш Алан Вилијамс“, соопштија од „Jacaranda Club“.

„Тој ни овозможи да останеме во срцето на луверпулската музичка сцена речиси 60 години, а сеќавањето на него ќе трае низ секој бенд кој ќе свири на нашата позната сцена“, додаваат од клубот.

Вилијамс е заслужен за тоа што славната ливерпулска четворка ја однел во Хамбург каде што минале неколку години во своето форматирање во раните 60-ти години од минатиот век, како и за организирањето на нивните први концерти./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)