Терминатор наместо Трамп, Шварценегер порачува: Готов си!

Поранешниот градоначалник на Калифорнија и „вечниот Терминатор“ Арнолд Шварценегер се покажа одлично во новата улога во која го замени претседателот на Америка Доналд Трамп.

 

Тој е водител на нова верзија на познатото шоу „Помошник“ (“Apprentice”) а првата епизода на новата верзија беше прикажана на 2 јануари.
Со месеци се шпекулираше која фраза би можел да ја користи во текот на исфрлање на натпреварувачите и конечно е откриено: Готов си, оди во хеликоптер“ (“You’re terminated. Get to the chopper.”)

Фразата е споена од култните филмови на познатиот глумец „Терминатор“ и „Предатор“.

Ако претседателот на САД се повлече од водителската позиција во ова шоу, тој ќе остане извршен продуцент на познатото ријалити.

Арнолд Шварценегер во претходните интервјуа рече дека се ова е „шоубизнис“ а од агол на некој што бил градоначалник на Калифорнија — овој Трампов потег може да се спореди со неговата ситуација која и самиот тој влезе во политички води, а при тоа ги задржа филмските права и парите што ги добиваше од заработката на серијалот „Терминатор“.

Инаку, Арнолд изјави дека не му е лесно што го менува Трамп во улога шеф на ова ријалити.

Идејата е натпреварувачите да се обидат да соберат пари во добротворни цели, а во текот на натпреварот ќе добиваат совети од финансиски магнати.

Во првата епизода на „Помошник“ гостин што советува беше Тајра Бенкс, а јутјуберката Кери Кејган беше првата елимиирана и од шоуто ја изнесоа со хеликоптер./извор:Макфакс

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display