Актерот Алек Болдвин со бејзбол капа со слоганот на Трамп на руски

Познатиот американски актер Алек Болдвин се фотографираше со бејзбол капа со слоганот на избраниот американски претседател Доналд Трамп, но на руски јазик.


„Сделать америки здорово снова“ пишува на капата на Алек Болдвин, а фотографијата ја објави во саботата на својот акаунт на Instagram. Слоганот на Доналд Трамп е „Make America great again“, што се преведува како „Да се направи Америка одново голема“.

Веројатно Болдвин алудира на обвинувањата на американското разузнавање за наводното руско хакирање и мешање во американските избори со цел да му се помогне на Трамп да стане претседател на САД, од чиј извештај дел беше објавен јавно во саботата.

Болдвин го толкува ликот на Трамп во пародијата која оди во емисијата „Saturday Night Live“, којашто се емитува на телевизијата NBC. Американските филмски критичари за оваа улога го наградија актерот со признанието Critics’ Choice.

Болдвин често дискутира со Трамп на неговата омилена социјална мрежа Twitter, Така, кога Трамп уште еднаш се жалеше дека пародијата на Болдвин е „невозможно да се гледа“, актерот му вети дека ќе ја прекине, доколку тој го објави својата даночна пријава./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)