ХАОС НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ - Прекината премиера откако...

Премиерата на филмот „Окја” на Канскиот филмски фестивал беше прекината само пет минути по почетокот поради извиците на негодување на публиката во салата.

 

Ваквата реакција на публиката претставуваше израз на револт и знак на протест затоа што продуцентот на филмот одби да го прикажува остварувањето низ киносалите во Франција.

Публиката го исвирка логото на „Нетфликс”, кое се појави на екранот, по што продолжи со негодувањата, па филмот беше прекинат. Сепак, набрзо потоа, без никакво објаснување, филмот беше повторно емитуван од почеток.

Режисер на филмот е Бонг Јон-ксо, а главните улоги во „Окја”, кој е оценет како едно од најконтроверзните остварувања на овогодишниот Кански фестивал, ги толкуваат Тилда Свинтон и Џејк Гиленхал./извор:Макфакс

Loading...