„Ако треба ние порталите ќе се регистрираме во странство и ќе работиме од таму за ваму!“

Скај интервју со уредникот на порталот Либертас, Ацо Кабранов, кој е искусен новинар и политички аналитичар. Кабранов зборува за медиумскиот сектор, новите медиумски закони, како им оди на порталите...

 

СКАЈ: Како го оценувате новиот закон за медиуми?

Ацо Кабранов: Кој закон, тој на Груевски и на колегите од Аминта трети.. Не, тој закон ниту ме интересира, ниту го читав. Eдноставно во уставот има фино запишано слобода на изразување, правилата до каде да одиме ги знаеме. Лиценците што ги предлагаат новинарите од фалангата како што јас како соросоид според нив ги викам,можеби им требаат нив, нас не. Значи јас со тој закон не се замoрувам, а за лиценца немам намера да полагам.

 

СКАЈКаква е всушност сликата во медиумскиот сектор во земјава за време на владеењето на Никола Груевски?

Ацо Кабранов:  Па и вие сте новинари и знаете и го гледате мракот во кој функционираме. Тоа е личен проект на премиерот,тој уште кога беше министер за финансии со реклами за пица буџет ги купуваше медиумите, а тие што несакаа да го фалат не им даваше реклами. Сега како премиер си го оствари неговиот сон, но вината не ја гледам кај него туку во нас во фелата. Ни ја искомпромитираа професијата за да се нафатираат. Од црното прават бело, а Груевски тоа дебело им го плаќа, се разбира од џебот на граѓаните,  не од негови пари.

 

СКАЈТешко ли е да се биде раководител на критички веб портал од типот на Либертас во оваа земја?

Ацо Кабранов: Не воопшто, не е тешко. Пишуваме така како што ги перципираме состојбите во државата, без цензура и според правилата на професијата. Тешко им е на колегите кои за бедни плати 'рмбачат во провладини медиуми и пишуваат или објавуваат тоа што знаат дека е лага и од тоа профит има уредникот и газдата. Мене ми е важно совеста да ми е чиста а така мислат и моите колеги од Либертас. Ех да имам телевизија....

 

СКАЈСе рекламираат ли компаниите на критички портали?

Ацо Кабранов: Многу малку од компаниите се дрзнуваат да стават реклами на вие викате критички, јас велам професионални медиуми. Но јас ги разбирам до некаде бизнисмените оние поситните, а оние крупните знаете ЕМ ДУША ШАТКА ЕМ БИЗНИС  за нови калапења пари.

 

СКАЈ: Се соочувате ли со закани или тужби на пример?

Ацо Кабранов: Не закани не, мислат дека знаат дека тоа до мене не допира. Тужби од Либертас засега немам, но имам дури 23 кривични пријави најмногу од А1 каде бев 11 години главен уредник и од канал 5 во кој бев 5 години на истата позиција. Досега не сум казнет, значи тужбите завршиле во моја корист.

 

СКАЈМалку за политичките настани, како долгогодишен новинар и уредник би сакал да ве прашам дали опозицијата победи во "биткатa" за извештајот кој требаше да го расветли 24 декември?

Ацо Кабранов: Не не победи опозицијата, победи ВИСТИНАТА, па тоа во парламентот го виде цела Македонија а и пошироко. Јас не чекав комисија да ми каже кој кого тепаше и дека имаме работасо РАЗУЛАВЕНА власт под палката на Груевски. Тоа мислам го знаат и неговите приврзаници но ете си нашле лична корист и аплаудираат на такви морбидни сценарија. Мислам дека на крај, тие неговите најмногу ќе плачат, и ќе го плукаат.

 

СКАЈ: Како искусен новинар, како ги оценувате потезите на Зоран Заев, новиот лидер на СДСМ?

Ацо Кабранов: Рано е да имам мислење каков политичар е Заев. Ќе кажам кога ќе биде премиер. Знам дека и него ќе му ги ловам грешките. Што да правам, јас професијата ја разбирам така, не за улижување на власта за да имам бенефит од тоа.

 

СКАЈСе враќаме на медиумите, како ја гледате Македонија, една година по донесувањето на фамозниот закон за медиуми?

Ацо Кабранов: Реков на почетокот еве уште еднаш јасно и гласно. Јас тој закон не го признавам и не се секирам ке го донесат или не. За нас порталите е лесно. Неодамна напишав, ќе се регистрираме надвор од државата и ке работиме ОД ТАМУ ЗА ВАМУ. Мора се' да се издржи ама ќе дојде ден кога овие што сакаат таков закон ќе им се удри ним од главата ако воопшто продолжат во професијата.

web counter
web counter
спонзориран линк:

(adverts)