„Власта нас ромите не' држи како во кафез„

Интервју на Скај, со Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите и пратеник во Парламентот. Тој зборува за состојбите во Македонија, проблемите со кои се соочуваат ромите и решенијата за да се подобри живеењето на оваа нација која е бројна во нашата земја, законот за медиуми и економските состојби.

 

СкајКако го оценувате потпишувањето на извештајот? Задоволни ли сте од заклучоците кои ги донесе комисијата за истражување на 24 декември?

Самка Ибраимовски: Потпишувањето на извештајот од страна на ВМРО ДПМНЕ мислам дека требаше многу порано да го направат,затоа што бркањето на пратениците и новинарите е нивна грешка,која не смее да се заборави,но сепак проблемот не е решен со потпишувањето, власта има земено обврска да направи измени во изборниот закон и пречистување на избирачкиот список, тоа е договор од 1 март впрочем и затоа прифативме локални и се вративме во Собрание.

 

Скај: Груевски понуди предвремени избори, кои опозицијата не ги прифати бидејќи ќе се криминални, вие исто на фејсбук напишавте дека Груевски без прочистен список може да оди на избори сам. Мислите ли дека Груевски е способен за да организира фер и демократски избори?

Самка Ибраимовски: Изборите што ги понуди Груески се фарса, да избега од одговорноста, за потписување, демек ние ќе се уплашиме како да сме првачиња и ќе нема потпишување. Избори не може да има се додека како што кажав не ги исполни условите кои ги има во договорот од 1 март, Груевски не може да направи фер избори, на локални купија се што можеше да се купи, потрошија многу украдени пари, кој за нив не се вредни затоа што не ги заработиле со труд и пот.

 

СкајКако ви одат односите во коалицијата со СДСМ?
Самка Ибраимовски: Односите со СДСМ,се најкоректни, имаме разбирање, имаме почитување, имаме трпение кое ни е најпотребно во дадениот момент, ние сме сепак опозиција.
 

СкајКаква е соработката со новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев?
Самка Ибраимовски: Односите со Заев се одлични, се гледаме, почесто се слушаме, разменуваме пораки преку смс и се кординираме за нашето дејствување.
 

СкајШто мислите за Законот за медиуми, дали навистина е недемократски?

Самка Ибраимовски: Законот за медиуми не е демократски, кога се прави филм, најпрво се прашуваат актерите што мислат: дали е добар филмот, сепак во овој случај новинарите се актери, без нивна согласност не тербаше да започне расправа за законот за медиуми, но нив друго им е целта, да се замајува јавноста да заборави на: Сиромаштијата, бедата, невработеността, брисењето од евиденција, укинувањето социјална помош и др., но ако со нешто се избрукаа тоа е законот за медиуми,не беше време барем засега.

 

СкајКакви се правата на ромите денес и дали власта прави нешто за нивно подобрување?

Самка Ибраимовски: Правата на Ромите се катастрофални, оваа власт ништо не превзема, стандардот е катастрофален, не' држат како во кафез, не враќаат од граница, дискриминација во секое поле - вработување нема, нема почитување на Рамковниот договор. Јас барав ако се сеќавате анекс од рамковниот за ромите, но не се прифати, јас лично не сум задоволен како живеат ромите. 

 

СкајШто вие ќе направите за подобрување на животот на ромите, доколку коалицијата победи на следните избори?

Самка Ибраимовски: Ако победиме на избори јас за ромите ќе направам што до сега не го направија за 7 години ДПМНЕ со нивната коалиција, јас ќе го направам за три години, а тоа е: изградба на социјални станови, правење на фабрики во ромските мала и проектот самовработување, кој е мој изум што денес го спроведуваат Агенцијата и Министерството за труд, само што јас ќе внесам новини во тој проект.

 

Скај: Како ја оценувате економската состојба во Македонија?

Самка Ибраимовски: Еконоската состојба во државата е катастрофална во секој поглед нема економски раст, нема вработувања, нема инвестиции, се задолжува непромислено, се трошат парите за непродуктивни цели, не се води евиденција за инфраструктура, за капитални објекти, сметам дека сме презадолжени и дека сега доаѓаат тие финансиски шокови што тешско ќе ги издржиме, во главно ова се состојбите во економијата, има уште многу што да кажам но ќе оставам за следната прилика.

web counter
web counter
Loading...