Аризанов: Ќе работиме на создавање на поцврст и посилен СДСМ во Босилово

Интервју на претседателот на Општинската организација на СДСМ Босилово, Ѓорѓи Аризанов за sdsm.org.mk

Кои се вашите приоритети во раководењето на Општинската организација на СДСМ Босилово?

Аризанов: Како ново избран претседател на Општинската организација на СДСМ Босилово ќе се потрудам да ја оправдам дадената доверба да раководам со оваа Општинска организација.

Моите приоритети во раководењето на општинската ќе бидат насочени во неколку правци и тоа:

    1. Да направам еден победнички СДСМ во нашата општина или поточно да ги подобрам резултатите од претходните изборни циклуси;

    2. Ќе извршам реевиденција на членството за да имаме реална бројка на нашите членови;

    3. Привлекување на нови членови, пред се привлекување на младите кои во нашата општина во последните години ги изгубивме или се пасивизирани;

    4. Создавање на еден цврст и силен СДСМ преку засилување на кадровските капацитети на органите и телата на партијата;

    5. Зајакнување на советничката група во Советот на општина Босилово како опозициона партија и теренско дејствување на сите седум советници од коалицијата.

Кои ќе бидат вашите први активности по изборот за Претседател на Општинската организација на СДСМ Босилово?

Аризанов: Моите први активности како претседател на СДСМ Босилово исто така ќе се движат во следните рамки:

    1. Како прво да изберам тим односно членови на Извршниот одбор и секретар кој ќе ја извршува оваа одговорна функција во наредните четири години;

    2. Средби со сите претседатели на Месните Одбори, и ќе барам поголем ангажман од нивна страна и во наредниот период,  и најтранспарентен избор на новите претседатели на МО;

    3. Спроведување на транспарентна постапка за избор на претседателка на Форумот на жени пори Општинската организација на СДСМ Босилово кој мора да биде еден од столбовите на сите активности во општината;

    4. Раздвижување и интензивно активирање на Локалниот клуб на СДММ Босилово;

    5. Посета на сите Месни организации во наредните неколку недели или поточно во првиот месец од моето назначување за претседател на СДСМ Босилово;

    6. Ажурирање на прибирањето на чланарина од нашите членови особено од сите досегашни членови кои биле нешто или имале платена функција;

    7. За да партијата биде во добра финансиска кондиција барем околу општите и неопходни трошоци ќе се сретнам со приватните стопанственици кои делуваат во нашата општина, па и со сите кои би биле во можност финансиски да ни помогнат.

Кој проблем според Вас е најгорлив проблем во вашата Општинска организација и како би го решиле?

Аризанов: На прво место како најгорлив проблем е немањето на сопствени партиски простории кои ни се потребни за поуспешно работење во наредниот период.

Овој тешко решлив проблем е секако поради финансиските тешкотии со кои е соочена нашата партија во изминатите години.

Јас како прв човек на Општинска организација Босилово ќе се потрудам да изнајмиме партиски простории и да се насочиме кон работењето и партиските активности.

Loading...