Велески: Прилеп повеќе нема да биде општина со најголема невработеност во Македонија

Интервју на претседателот на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Сашо Велески за sdsm.org.mk

Кои се вашите приоритети во раководењето на Општинската организација на СДСМ Прилеп?

Велески:  Воспоставување на четири „Столбови” на функционирање, со нивно максимално можно реализирање:

    1. Институционална поддршка на членството

        - грижа за секој член со посветување на максимално внимание и почит ;
        - создавање на база на податоци за секој член поодделно со детектирање на нивните потреби, можности и потенцијали;
        - создавање на силен сектор за аналитика од каде би се црпеле неопходните информации;
        - стекнување на доверба на членовите во партијата.

    2.Вработувања

        - во услови на опозиција да се направат максимални напори за вработување на наши членови, кои се на работ на егзистенцијална издржливост;
        - минимум 30 вработувања, во приватен сектор во општината со претходно договарање со сопствениците.

    3.Финансирање

        - воведување на т.н. дисперзирано финансирање, со пронаоѓање на правни и физички субјекти кои се спремни да финансираат пониски суми, но редовно и навремено без да осетат поголем финансиски товар;
        - одржливост на процесот;
        - редовност во исполнувањето на статутарната одредба за плаќање на месечна членарина;
        - максимално почитување, без исклучок, на Законот за финансирање на политичките партии.

    4.Невладин и граѓанаски сектор

        - соработка со постоечки НВО и здруженија и промоција на нашата политика;
        - помош при формирање на нови НВО во нашата општина со ангажирање на млади, способни и едуцирани поединци;
        - максимална наша присутност во традиционалните медиуми, како и на се' поприфатените социјални мрежи за промовирање на нашите идеи, активности и проекти.

Кои ќе бидат Ваши први активности по изборот на претседател на Општинската организација на СДСМ Прилеп?

Велески: Први активности по изборот на претседател на Општинската организација за кои ќе се залагам да бидат реализирани во целост ќе бидат следните:

    - насочување на целокупната наша политичка енергија кон политичките противници;
    - вклучување на локални авторитети и непартиски, а препознатливи личности, во телата на партијата;
    - враќање и активирање на поранешни видни членови, кои од најразлични причини до сега се дистанцирале од работата на Општинската организација на СДСМ – Прилеп;
    - по воспоставувањето на структурата на Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Секретарот на ОО, ќе се премине кон доекипирање или реконструирање на претседателите и секретаријатите на месните организации;
    - конституирање на микро-структура на ниво по избирачки места (претседател и оперативен тим);
    - комплетирање на структурата на делегатите на Општинска Конференција на СДСМ;
    - формирање на работно/оперативно тело составено од сите претседатели на месните организации;
    - перманентни контакти со членството и подигнување на нивното учество во донесувањето на поважни одлуки во Општинската организација на СДСМ – Прилеп;
    - распишување на внатре-партиски конкурс за формирање на работни комисии при Општинската организација на СДСМ - Прилеп (членови, симпатизери, надворешни еминентни експерти по разни области);
    - интензивирање на делувањето на Совет на ветерани на СДСМ – Прилеп;
    - активна соработка со Урбаните/Руралните Единици во Општина Прилеп (работни средби надвор од просториите на Општинската организација, во просториите на УЕ-општински домови), со граѓани и разни структури на население.
    - во зависност од финансиските можности ќе се отворат дислоцирани работни простории во најголемите Урбани единици - Локални канцеларии на СДСМ за доближување на политичките ставови и активности до членството, симпатизерите и граѓаните;
    - засилување на делувањето на Советничката група, поткрепена со ставови и материјали од работните комисии;
    - организирање на тематски прес-конференции за презентација на нашите видувања и забелешки на работата на локалната самоуправа и градоначалникот;
    - организирање на трибини со помош на НВО, здруженија на граѓани, независни експерти, фондации со цел промовирање на социјалдемократијата како политичка опција најприфатлива за повеќе целни групи на граѓани;
    - лоцирање на незадоволни граѓани од различни социјално ранливи групи, нивно анимирање и придобивање со про-активен пристап и предлагање на излезни решенија, правни совети и други интелектуални услуги;
    - зголемена активност за привлекување на млади членови преку нудење на атрактивна програма за политичко делување;
    - активно делување, контакти и соработка со деловните субјекти, како и со регионалната стопанска комора во Прилеп, како и приближување на нашите ставови и политики пред бизнис заедницата на локално ниво;
    - изработка на т.н. Социјална карта на нашето членство, со цел детектирање на сопартијци на кои им е потребна било каква форма на помош. Тоа би претставувала и база при политиката на вработување на социјално најзагрозените семејства;
    - формирање на работна група во состав на Комисијата за економија и финансии за перманентно следење на потребата за вработување во градот;
    - континуирана и директна комуникација со граѓаните, нивно запознавање со генералните партиски политики и насоки на дејствување, како и нудење решенија за нивните проблеми;
    - детална анализа на работата на ЕЛС Прилеп и градоначалникот, заедно со ЈКП во повеќе сфери од нивното работење.

Кој проблем според Вас е најгорлив проблем во вашата општина и како би го решиле?

Велески: Постојат повеќе горливи проблеми во Општина Прилеп, а како најгорливи во оваа прилика би можел да ги издвојам:

    1. Невработеноста - Општина Прилеп е со реално најголем број невработени лица во Република Македонија. Како поранешен координатор на Советничката група на СДСМ во Општина Прилеп и активен Советник, локалните проблем ми се добро познати. Решенијата ги понудивме во програма, а во оваа прилика ќе понудам само кратко образложение со понудени излезни решенија:

        - Потстрек за нови иновации и претприемачи;
        - Искористување на природните ресурси до максимум (мермери, храна, земјоделие и сточарство);
        - Промоција на прехрамбената индустрија;
        - Зона за ЛЕР-Лагово;
        - Фонд за пристап кон ИПАРД и ИПА;
        - Општински центар за изучување занаети ;
        - Решение за невработен педагошки кадар, медицински кадар, кадар од општествените науки
        - Основање „Бусинесс Старт УП Центар”;
        - Развивање на малите семејни бизниси;
        - Изградба на потребна инфраструктура во индустриска зона „Металец”;
        - Развој на алтернативен туризам;
        - Занаетчиите да не плаќаат данок;
        - Поддршка и посредништво од Општина Прилеп за изнаоѓање инвеститори.

    2. Сиромаштијата која ќе се намали преку:

        - Станови за граѓаните од социјалната група и пензионери;
        - Зона за Економски Развој - Старо Лагово;
        - Донација за новородени деца;
        - Донација за новосклучени бракови;
        - Помош за секој ученик од социјално загрозено семејство;
        - Грижа за пензионерите со мали пензии;
        - Формирање центри за бегство од сиромаштијата;
        - Прифатни центри за бездомници;
        - Помош за самохраните родители.

    3. Непродуктивно и непрофитабилно земјоделие за кое ги нудиме следните излезни решенија:

        - Намалување на надоместокот за наводнување и одводнување;
        - Изградба или реставрација на дополнителна хидросистемската мрежа;
        - Изготвување стратегија за помош на земјоделските производители
        - Чистење на одводни канали;
        - Проект за поддршка на земјоделството и руралниот развој ;
        - Изработка на стратегија за органското земјоделско производство;
        - Изградба на вештачки и природни поила;
        - Реконструкција на спортските аеродроми за хемиска заштита на површините;
        - Окрупнување на земјиштето;
        - Изградба на капацитети од преработувачката индустрија и ладилници;
        - Решение на проблем со недостаток на пасишта за стоката.

    4. Ниско ниво на комунална инфраструктура кое ќе го решаваме со:

        - Пробивање и асфалтирање на пат Прилеп - Вештачко Езеро  - Градско;
        - Збогатување на капацитетот на РВС „Студенчица”;
        - Гасификација на Прилеп;
        - Решение за санитарна депонија „Алинци”;
        - Изградба на спортско рекреативен центар „Вештачко езеро”;
        - Изработка на физибилити студија за уредување на градската река;
        - Реставрација и опремување на спортска сала ДТВ „Партизан”;
        - Изградба на 4 мостови на градската река;
        - Санација на фасадите за постигнување енергетска ефикасност;
        - Изградба на современи градски јавни тоалети;
        - Изградба на подземни сообраќајници;
        - Реконструкција на постојниот пат до локацијата „Вештачко езеро”;
        - Реконструкција на патот до новите градски гробишта.

    5. Се' поголем број на млади луѓе го напуштаат Прилеп, а за да го спречиме тоа ќе се насочиме кон:

        - Изработка на локален младински акционен план за вработување;
        - Регрутирање на кадри во креативни индустрии;
        - Организирање на општествено корисна работа и волонтирање;
        - Отворање на Младински Инфо Центар;
        - Организирање на Детски културен центар;
        - Организирање на Младински технички центар.

спонзориран линк:

(adverts)