ИНТЕРВЈУ: Македонски 360 инно производ

,,Двајцата автори Петар Лазаров и Калин Бабушку доаѓаат во вистинскиот час со овој свој бревијар на животни и практични мудрости и совети .Во време кога горе е долу , лево е десно , а белото е црно , во безбојно време , тие внесуваат бои , смисла и оптимизам во нашите животи. ’’ изјави познатиот македонски писател Венко Андоновски воедно и еден од рецензентите на прирачникот Tip of the week.

Ние би сакале малку повеќе да ни откриете за овој уникатен македонски производ на пазарот, кој направи бум и распродаде 4000 примероци во рок од 3 месеци.

Како дојдовте до идеја за креирање на еден ваков производ?

Идејата се појави во моментот кога како компанија увидовме дека на пазарот е навистина потребен еден ваков производ. Нешто што луѓето ќе може да го прочитаат и да ги натера да размислат. Секоја компанија, фирма има потребна од креирање на една пријателска, колегијална и високо мотивирана работна атмосфера. Преку прирачникот ние сакаме да го постигнеме токму тоа, и на некаков начин да допринесеме за подобрување на тие ситуации.

За кого е наменет прирачникот?

Советите кои се дел од оваа книга-прирачник се наменети за секого. Значи не ставаме бариери. Секој треба да го има лично за себе. Затоа и цената ни е прилагодена за тоа да се овозможи. Иако купувачите се претежно на некој начин дел од бизнис секторот, зашто првично гледаат како на бизнис книга, но нашата цел е да стигне до секого, поради разбирливост и едноставност во искажувањето. Текстовите обработуваат теми и совети во кои секој може да се пронајде без разлика на возраста, личното и професионално насочување.

ФОТО: ИВАНА КУЗМАНОВСКА

Која е пораката што сакате да ја пренесете преку него?

Нашата цел/порака беше да ја подигнеме свеста за едукација кај луѓето и нивното инвестирање во личниот и професионалниот развој. Сметаме дека не постои некој што не сака барем малку да се подобри на лично или професионално ниво, како и да прочита нешто од македонски автор, споделени совети и искуства токму од нашиот пазар, онаму каде што ние дејствуваме. Сите ние треба да бидеме насочени кон зголемување на ефикасноста и продуктивноста во работењето. Свесни сме дека тоа само со читање на книга не е возможно но, се надеваме дека барем малку ќе ги натераме читателите да размислат за прочитаното и дополнително да се едуцираат од други медиуми.

Значи, пораката е едукација – знаење.

Дали ќе може малку подетално да ни го објасните концептот на неделни совети ?

Секој четврток, од 2010 година, трпеливо и со голема посветеност ги објавуваме неделните совети и бесплатно ги дистрибуираме до повеќе од 20.000 читатели, преку својата дата база и неколку веб портали во Македонија. Уште од самиот почеток на проектот, беше планирано да се издаде едитирано издание кое ќе биде сублимат на некои од најинтересните совети што сме ги напишале. За таа цел, ова издание ги содржи обработено, скратено и конципирано, селекција од првите 50 неделни совети. До сега имаме објавено преку 215 неделни совети А ние секако дека продолжуваме да ги објавуваме секој четврток.


Веќе познати како ,,виновници’’ за креирање на многу познатиот бренд на нашиот пазар МАМАс. Сметате ли дека прирачникот ќе биде уште еден успешен македонски бренд?

Со МАМАс сме горди дека постигнуваме одлични резултати, како на домашниот така и на странскиот пазар. Со прирачникот се надеваме дека ќе имаме исто така голем успех. Досега, за само 3 месеци, успеавме да продадеме 4.000 прирачници на повеќе од 100 компании што е претставува голема радост и успех за нас. И тука не застануваме. Продолжуваме и понатаму со ист елан да го промовираме нашиот прирачник на Македонскиот читател. А во истоа време, работиме и на остварување контакти со дистрибутери надвор од Македонија. Се надеваме дека во брзо време прирачникот ќе се најде и на полиците во книжарите во регионот и пошироко.


Кои се вашите идни планови? Дали наскоро треба да го очекуваме и второто издание на Tip of the week?

Според заинтересираноста за прирачникот, гледаме голем потенцијал за издавање на второ издание Tip of the week. Сеуште не би сакале да откриеме ништо повеќе за второто издание, но секако сме во план да го реализираме во блиска иднина. Се надеваме ќе биде прифатено исто како што е и првото.

За крај што би им препорачале на начите читатели?

Што повеќе да читаат, да се отвораат кон нови знаења, и најважно од се, да имплементираат што повеќе од научените вештини.

ФОТО ИВАНА КУЗМАНОВСКА

Loading...