Интервју со Тревис Фимел од мега-популарната серија Викинзи

Корисниците на регионалната интернет телевизија достапна и во Македонија, Pickbox.tv, имаат можност покрај другите одлични серии да уживаат и во третата сезона од мега-популарната серија Викинзи (Vikings). 

 Денеска на задоволство на нашите читатели разговараме со еден од главните јунаци на серијата Тревис Фимел кој во филмот го глуми ликот Ragnar Lothbrok.

Прашање: Што има ново во третата сезона?

Одговор:  Во оваа сезона на Викинзи го напаѓаме Париз, при што немаме голем успех. Тоа е многу заштитен град, а викинзите за првпат се соочуваат со такво нешто. Има и големи несогласувања помеѓу ликовите. Навистина ми се допадна сценариото оваа сезона.

 

П: Дали има нешто поразлично во оваа сезона во споредба со претходните?

О: Во оваа сезона има повеќе компјутерски ефекти и многу повеќе актери. Тимот е многу поголем годинава. И секако, поради инвазијата на Франција, вклучена е голема екипа.

 

П: Дали Рагнар ужива во својот живот како крал?

О: Не, Рагнар со сигурност не сака да биде крал. Тој не сака да владее, но поради околностите, ќе мора. На некој начин е принуден да стане крал поради активностите на другите луѓе. Сега навистина се соочува со слабостите на моќта и со сите конфликти што произлегуваат кога се има таква одговорност.

 

П: Што е најстрасно во третата сезона?

О: Децата им се најважни, во моментов. Жените не им се важни толку многу. И тој се враќа на своите истражувања. Во втората сезона, Рагнар е вовлечен во семејна драма, тој единствено сака да замине и да истражува за да открие нови места. Тој не сака да се бори повеќе, тоа е многу тешка работа. Сака само да седи и да им кажува на луѓето да се борат. Но, за несреќа, тоа не оди така.

 

П: Зошто Рагнар одлучува да се бори заедно со принцезата Квентрит?

О: Тој верува дека нејзината армија е најсилната во Англија. Затоа сака да се бори за најсилната армија и да ја има на своја страна. Тој мисли дека таа е интригантна: таа е забавна, посебна и луда. Ејми е одлична актерка. На Рагнар многу лесно му станува здодевно. Доколку нешто е интересно, тој ужива во тоа.

 

П:  Каде е местото на Рагнар меѓу паганските и христијанските богови оваа сезона?

 

О:  Да, акцијата претежно се врти околу Рагнар, Ателстан и Флоки и се однесува на постојаната битка помеѓу христијанските и паганските богови. Сметам дека Рагнар мисли дека може многу да научи од христијаните, и како во шахот, од христијаните може има придобивки, а истовремено да направи христијаните да веруваат дека нивниот бог е вистинскиот. Сето тоа е една голема шаховска игра. Сметам дека Рагнар ќе направи сè што треба за да го добие тоа што го сака.

 

П:  Зошто Рагнар сака да го освои Париз?

О: Тој оди во Париз бидејќи тоа е идеја на Ателстан, а Ателстан е негов најблизок пријател и човек од доверба. Тој не сака да се врати во Англија и повторно да се бори. Сака да се врати на своите начини на истражување и малку да ужива во грабежите. Тој веќе бил во Англија. Ќе се врати таму еден ден и ќе предизвика неволи, но во моментов тој сака да истражува.

 

П: Како Рагнар се справува со смртта на Ателстан?

О: Секако дека смртта на Ателстан не е добра вест за Рагнар. Но еден дел од него чувствува дека Ателстан го посакувал тоа, да биде маченик.

Па сепак, тој беше негов најблизок пријател. Тој беше единствениот со кого можеше да биде искрен и кон кого не мораше да се однесува како крал или водач. Ателстан секогаш беше таму да му ги каже работите директно. И сега кога го нема Ателстан, тој се чувствува измамен од сите. Тоа прави да се чувствува многу осамен.

Тој ќе ја изврши одмаздата еден ден. Знае кој го сторил тоа и затоа ќе се позанимава со таа личност и ќе го казни на различни начини.

 

П:  Која е вашата омилена сцена во оваа сезона?

О:  Имав две еден-на-еден сцени со Линус Роач, кој го игра кралот Екберт, и тие сцени ми се најомилени. Една од тие сцени е во неговиот дворец. Обајцата седиме еден до друг и, иако тоа е сцена со забава, ние имаме приватен разговор. На одреден начин сме искрени еден со друг. И двајцата знаеме што сакаме, и дознаваме дали другиот е копрумпиран. Тоа е важно откривање на противникот. Добиваш чувство дека тие, ако би биле на истата страна, би можеле да го освојат светот. Односот помеѓу Рагнар и Екберт е однос со целосна почит. А Линус е прекрасен актер. Задоволство е да се работи со него. Би сакал да имам повеќе сцени со него. И би сакал да сме во истиот тим.

 

П: Кој е вашиот омилен лик?

О:  Има многу одлични ликови. Но кога веќе зборувавме за кралот Екберт, тој ми е најомилен. Линус е многу талентиран. Сакам да го гледам, сакам да работам со него, и многу сум среќен што е дел од серијата!

 

П: Дали имате некакви утрински ритуали?

О:  Нема ритуали. Се појавувам, одам на шминкање како добро момче и потоа го ставам костимот.

Loading...