Ексклузивно интервју со Г-дин Иван Ѓорѓиев, македонецот кој го пронајде лекот ВАРУМИН - АНТИКАНЦЕР Хербален лек

Интервју со Г-дин Иван Ѓорѓиев, пронаоѓачот на лекот ВАРУМИН - АНТИКАНЦЕР Хербален лек


 

1. Г-дине Ѓорѓиев, можете ли накратко да ни ја преставите вашата компанија Интер-Еврогенекс, од кога постои и со што се занивама?

ИВАН - Интер-Еврогенекс е компанија, чија основна дејност е производство на хербални лекови, а од неодамна почнавме и со производство на земјоделското биоѓубриво СТОП НЕМАТОДИ, со што се прошири дејноста на нашата компанија и производствениот капацитет на фабриката и производствената линија на производи. Интер-Еврогенекс е основана на 12 Декември 1998 година, а во 1999 компанијата започнува со примарното производство на сопствени патентирани хербални лекови. Производството и контролата на производите се изведува во согласност со сите интернационални стандарди и барања (GMP и ISO 14001:2004 ISO 9001:2008). ИнтерЕврогенекс остварува континуирана соработка со многу значајни институции во земјата и странство. Сите наши производи се регистрирани како традиционални хербални лекови.

 

2. Лековите кои ги произведувате, може да се купат во сите подобро снабдени аптеки во Македонија и во Аптеката ВАРУФАРМ, но дали вашите прозиводи се достапни надвор од границите на нашата земја?

ИВАН: Уште од самиот почеток на работа нашата цел беше да успееме да ги пласираме нашите лекови во Македонија, но и надвор од неа, а со тоа да станат достапни за што повеќе луѓе на кои им е потребна помошта од нив и помошта од природата. Нашите лекови денес се достапни ширум Европа и делови од Азија и Африка, а од неодамна нашата компанија започна со извоз во САД со нашиот бренд производ, антиканцер хербалниот лек ВАРУМИН, кој воедно беше регистриран како додаток на исхрана за слободен увоз во САД од страна на FDA-USA , што само по себе говори за квалтитетот на нашите производи.

 Varumin2

3. ВАРУМИН - Бренд производот на Интер-Еврогенекс, може ли да ни кажете подетално за него, што е тоа и за што се користи?

ИВАН: Варумин е традиционален хербален лек кој се користи за подобрување на општата состојба на организмот, против исцрпеност и намалена отпорност, против малигни заболувања, за ублажување на несаканите ефекти од цитостатската терапија кај малигните болести, корисна комбинација со конвенционална цитостатска терапија кај малигни заболувања, кај други состојби каде постои намален имунитет (анемии, ХПВ инфекции, мултипла склероза).

Тоа е 100% билен производ, составен од повеќе билки, од екстрахирани алкалоиди кои се потребни за лечење на таа болест. Видете, хемотерапијата и зрачната терапија само го забавуваат процесот. Така болните добиваат на време. Ние со Варуминот, за многу кратко време го оспособуваме организмот, го зајакнуваме имуниот систем, за да пациентот почне да јаде, самиот да си даде сила, да си зацрта во главата дека мора да остане жив, дека мора да се излечи. Сè тоа доаѓа од самото растение. Ние ова го работиме 35 години и досега немаме ниту една нус појава кај ниту еден од пациентите што го употребувале. Медицината некогаш не може да го најде жариштето, а со нашиот лек веднаш се лоцира. Повевеќе за овој лек како и сведоштвата за неговата делотворност и сите анализи, сертификати и одобренија може да се најдат на нашата веб страна www.varumin.mk која е специјално направена за подостапност на информациите токму за овој лек. Тука се сите клинички студии (за рак, за ХПВ вируси, и мултиплекс склероза) и испитувања како и сведоштва од излекувани пациенти за лекот ВАРУМИН.

 

4. Покрај ВАРУМИН, споменавте и други хербални лекови, може ли да ни ги преставите накратко, кои се тие за што се користат?

ИВАН: Нашата фабрика во својата палета има над 13 производи од кои дел се во форма на таблети и чај, а останатите во раствор за орална и локална апликација.

Широк е спектарот на примена на нашите природни лекови од проблеми со хемороиди и потенција, парадентоза, до помош при проблеми со дијабетес и висок притисок. Целата палета на лекови и нивната намена може по детално да се најде на нашата web страница www.interevrogeneks.com а лековите може да се купат во нашата аптека ВАРУФАРМ на улица Водњанска 18/1 и во сите подобро снабдени аптеки во Скопје и Македонија.

 Stopnemanodi

5. Споменавте проширување на дејноста со производство на биоѓубривото СТОП НЕМАТОДИ, дали тоа значи дека Интер-Еврогенекс се ориентира и на производство на препарати за земјоделието?

ИВАН: Биоѓубривото СТОП НЕМАТОДИ е само почеток на пронаоѓање на ХЕРБАЛНИ решенија за проблемите на земјоделците, тоа е производ кој помага при уништување на нематодите кај растенијата и превенција од истите. Но тоа не е се, ние работиме на нов производ за кој се чека регистрација од надлежните, а тоа е Хербален Додатокот во исхраната за во сточарството кој помага при лекување на вирусните заболувања кај домашните животни, како и превенција од истите. Се надевам дека со гордост наскоро ќе биде достапен во продажба. Така да може да се пофалиме дека стартуваме со еден проект ХЕРБАЛНИ ПРЕПАРАТИ за безбедно и еколошки помогнеме на земјоделците и сточарите во Македонија и странство. 

Gorkad

6. Кога сте кај додатоците во исхраната не можам а да не Ве прашам за најновиот производ на Интер-Еврогенекс кој од денес (06.05.2015) е веќе достапен за продажба - ГОРКА ДИЊА. Што е тоа горка диња?

ИВАН: Горка Диња (Момордика Карантиа) е 100% природен, чист, еколошки, хербален додаток во исхраната. Густа суспензија за перорална апликација со кафено-зеленкаста боја со слаб специфичен мирис и карактеристичен вкус.

Горка Диња е од семејството на Кукурбитакeае (Cucurbitaceae), билка која расте во тропски и суптропски подрачја на средна и јужна Америка, Африка и Азија.

Горката диња содржи гликопротеин лактин, кој по својата функција е сличен на инсулинот и ја намалува концентрацијата на гликоза во крвта. Екстрактот од билката ги зголемува имунолошките функции на келиите кај луѓето кои боледуваат од рак и ХИВ инфекции (го зголемува имунитетот со тоа што доведува до изумирање на клетките на ракот и спречува нивно размножување) Од листовите се прави чај кој делува против маларија и има антибактериско влијание. Со гордост можам да кажам дека кај нас Горка Диња, како хербален додаток во исхраната, за прв пат се појавува на пазарот, произведена од Фармацевтската Индустрија Интер-Еврогенекс, од денес може да се купи и во нашата аптека ВАРУФАРМ како и и во сите подобро снабдени аптеки низ Македонија.

  

7. За крај, кои се вашите планови за во иднина, што очекувате?

ИВАН: Kако што споменав и на почетокот, нашата компанија има за цел проширување на производствените капацитети на фабриката и проширување на палетата на производи со цел на нашите пациенти на еден природен и безбеден начин да им се помогне во борбата со болесите кои ги нападнале, а со извозот во што е можно повеќе земји во светот истите станат достапни за што повеќе пациенти за и тие ја добијат нашата помош за борба со болестите со најверниот сојузник, а тоа е ПРИРОДАТА.

спонзориран линк:
Loading...