(ВИДЕО) Интервју со Синоличка Трпкова: Маалската судбина на Македонија

Професорката на Факултетот за драмски уметности во Скопје одамна ги оствари улогите по кои публиката сè уште ја памети. Си заминуваше од Македонија и се враќаше, снимаше филмови и паузираше. На Холанѓаните им го објаснуваше македонското културно наследство, на Македонците филозофијата на паланката…

 

Синоличка Трпкова со улогите во „Среќна нова 49-та“ на Столе Попов и „Дом за бесење“ на Емир Кустурица влезе на голема врата во македонската и ексјугословенската кинематографија. Изминативе две-три години е една од најжестоките критичарки на домашната политичка сцена.

Синоличка е име на цвеќе што, иако навидум нежно, најпрво го пробива мразот. Во интервјуто за „Макфакс“ Синоличка говори за тоа колку е добро да се биде искрен, колку (само)иронијата е знак за нормалност, дали вистината ќе нè спаси, од каде толку многу актери на двете страни на политичките барикади, за нејзиното интеграциско искуство во Холандија и маалската судбина на Македонија, за тоа како функционира филозофијата на скопската паланка…

Стојан Синадинов(Макфакс)

Loading...