Интервју со Коле Ангеловски: Мора некој да те извлече од шеширот, другото е твој избор! (ВИДЕО)

Ако постои некој синоним за комедија на домашната театарска и филмска сцена, тогаш тоа е името на Коле Ангеловски. По стотина претстави на театарските штици, повеќе од 500 часа играна телевизиска програма, Ангеловски деновиве ја забавува кино-публиката со својот трет игран филм, „Ах, љубов моја“.

 

Кога пред повеќе од половина век се појави во партизанскиот игран филм „Саша“, во некогашна Југославија го видоа 8 милиони гледачи. Со „Битка на Неретва“ и „Сутјеска“ бројката на гледачи стигнала и до 90 милиони низ целиот свет. Бил рамноправен партнер со Љубиша Самарџиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Павле Вуисиќ, Милена Дравиќ, но и Орсон Велс, Јул Бринер, Силвана Кошчина, Харди Кригер, Франко Неро, Сергеј Бондарчук…

 

Јосип Броз-Тито – добро, со мала помош од Јованка – морал да го спасува неговиот режисерски првенец „Татко (Колнати сме, Ирина!) од забраната на македонските филмаџии. Бегајќи од зависта, толку присутна на филмот, го нашол творечкиот мир во театарот. Пред 35 години го направи вториот игран филм, „Викенд на мртовци“. И денес смета дека најголем дострел во неговата уметност е да предизвика урнебесна смеа кај гледачите.

Стојан Синадинов(Макфакс)

Loading...