Интервју со Берин Тузлиќ: Војната не е благородна инспирација (ВИДЕО)

Неодамнешното гостување на сараевскиот уметник, аниматор и музичар беше можност за запознавање на новите комбинирани техники во анимацијата, за тоа како еден музичар може да свири како цел бенд насловен „dRUMELODY“, но и за сè уште зачуваната душа на градот кој пред четврт век беше цел на воената катаклизма.

 

Берин Тузлиќ е добитник на многубројни награди за кратки анимирани арт филмови, изработка на реклами и стрипови. Негови наградувани филмови се „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ (33 награди), „Страшила“, „Бегам и кога не сум виновен“, „Фазонатор“ и други. Автор е на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации. Музиката како пасија до сега резултирала со седум негови авторски албуми, а најновиот, „Аеро“, е винил, кој на концертите го изведува со микс од свирење на електронски удиралки и видеопроекција на неговите анимирани филмови.

Тузлиќ е претседател е за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е на невладината организација Pixel.ba од Сараево за аудио-визуелни комуникациски вештини и коспоственик на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во Бих, која има свои подружници во три земји. Во рамките на Скопје филм фестивал одржа и работилница за младите уметници со интерактивен „edutainment“ и видеоцртање со тајминг музика, и нему комбинираната техника „Фазонатор“.

Во интервјуто за „Макфакс“ Тузлиќ открива зошто историјата ја доживува како инсталација, како од школуван воен пилот станал уметник, колку војната е уметнички и животен бекграунд, колку таа може да го извади и најблагородното од човекот…
Стојан Синадинов

 (Makfaks)

Loading...