КИСЕЛА ВОДА ВО ОКТОМВРИ ЌЕ ГЛАСА ЗА ПРОМЕНИ - Интервју со Филип Темелковски, лидер на СДСМ во Кисела Вода

Скај интервјуо со Филип Темелковски, лидер на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.

 

Од кога сте во политиката и од каде интерес да се вклучите во неа?

Во политиката се вклучив пред повеќе од 15 години, како член на СДММ. Од тогаш до денес сум активен во партијата на повеќе позиции. Од 2008 до 2009 бев Генерален Секретар на СДММ и во тој период забележавме голем раст на членството и младите активно ни се приклучуваа, тоа беше и периодот кога СДММ и официјално е примена како полнопправна членка на подмладоците на Европските Социјалисти и Социјалдемократи а јас бев прв преставник во бирото на организацијата. Од 2013 година сум претседател на општинаската организација на СДСМ во Кисела Вода, во последните три години успеавме значително да ја зголемиме поддршката за партијата на локално ниво. Како што знаете, СДСМ во 2013 година изгуби со голема разлика од 9000 гласови на тогашните локални избори, додека на последните избори во декември разликата ја намаливме на само 3000 гласови. Ова секако е резултат на добрите политики на централно, но и на локално ниво. За оваа промена секако придонсе и лошото менаџирање на општината од страна на актуелната локална власт од која граѓаните на Кисела Вода се многу незадоволни, како и од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на кое за среќа му дојде крајот.

Што е тоа што СДСМ го промени и на централно и локлано ниво за да се случат овие промени? Како ја опишувате новата генерација на политичари на партијата на која и припаѓате и вие?

СДСМ денес е во вистинска смисла на зборот социјалдемократска партија. Новата програма, која се базира на ефикасни социјални и економски политики, ја направи разликата и привлече голема поддршка. Денес, СДСМ е фокусиран на подобрување на животот на секој поединец преку рационално насочување на средсвата од буџетот, ефективни мерки за искоренување на сиромаштијата и мерки за подобрување на животниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ со години градеше елити, богатејќи ги само големите компании и странските инвеститори. Ова направи огромен јаз меѓу приходите на граѓаните, а малите бизниси и работниците на крајот им го свртеа грбот. Покрај ова, СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, вистински има интерес да ја поведе земјата на патот кон ЕУ и НАТО. Ова на дело може да се види уште во првите месеци од владењето. За жал, изгубивме десет години во кои ВМРО ДПМНЕ ги лажеше граѓаните и меѓународната заедница, дека сака да ја внесе земјата кон ЕУ. Во нивниот мандат го добивме Скопје 2014 како свесна провокација за Грција, ги заладивме односите со Бугарија и Албанија и речиси останавме без пријатели во Европската Унија. Тоа беше резултатот на владеењето на Груевски. Предолго тапкавме во место и граѓаните ова го препознаа и казнија. И трето, најголемиот криминал во историјата на модерна Европа го направи токму ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Зоран Заев беше оној кој го откри и ги разголи Груевски и соработниците. Граѓаните во него препознаа искреност и храброст да се справи со криминалот и второ, препознаа дека искрено верува во правната држава. Ова ја врати вербата кај граѓаните дека промените се можни, а кога тие ви веруваат на зборот, тогаш и за вас гласаат.

Да поразговараме за локални теми, се ближат локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ е 12 години на власт во Кисела Вода. Какви се шансите конечно да дојде до промена и на локално ниво? Сепак, разликата од 3000 гласа и не е така мала, а Кисела Вода е бастион на ВМРО-ДПМНЕ.

Воопшто не претерувам кога на сите им велам дека во октомври очекувам победа на СДСМ во Кисела Вода. За тоа имам многу аргументи и факти. Прво, Кисела Вода за жал, е најзапуштената општина во Скопје. Непотребно е да се зборува за секој градоначалник посебно и да се оценува неговата работа, бидејќи сите тројца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ буквално не направија ништо да ја променат состојбата. ВМРО-ДПМНЕ немаше интерес да ги менува работите во Кисела Вода, ниту пак некогаш постави добар кадар тоа да го направи. Кисела Вода е во инфраструктурен и урбанистички хаос. Лоши улици без атмосферска канализација, пренатрупани нови населби, многу смет и лоша хигиена. Кисела Вода е општина без паркови и многу малку зеленило. Реално, во 12 години е направено многу малку, а и тоа малку е правено неплански. Ако се прошетате низ Кисела Вода, ќе видите дека на општината не и треба шминка. На Кисела Вода и треба темелна инфраструктурна реконструкција и нови, добро осмислени урбанистички планови со кои општината ќе се урбанизира. На само неколку километри од центарот на Скопје, Кисела Вода за жал, не личи на урбанизирано место, а граѓаните се соочуваат со основни проблеми како недостиг на вода, здрав коловоз, поплави кога врне и слично. Второ, граѓаните ја препознаа негрижата за нив и општината од страна на власта. Кога се споредуваат со останатите општини во градот гледаат огромна разлика во реалзаиција и посветеност. Тоа им е дојдено преку глава, го препознавам по улиците и во разговорите со луѓето. Тоа незадоволство се чита и во последните истражувања каде незадоволни од работењето на ВМРО-ДПМНЕ и Беличанец се повеќе од 70% од граѓаните. Тоа се јасни индикатори и немам дилеми дека граѓаните се подготвени за промени.

 

 

Да, но велите никој од градоначалниците не се покажал, а сепак ВМРО-ДПМНЕ победуваше на сите локални избори. Зошто е тоа така и како е сега поразлично?

Прво, контекстот беше многу различен и ВМРО-ДПМНЕ секогаш досега настапуваше од позиција на власт. Ги знаеме добро нивните методи на делување и притисоците, како злоупотребата на институциите со кои ги максимизираа гласовите. Сега тоа не е случај и граѓаните ќе гласаат по сопствен избор и убедување. Овој пат тие ќе може да бираат дали повторно да гласаат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, кој нема да биде различен од претходните или да гласаат за кандидат на СДСМ, кој ќе понуди конкретни решенија во интерес на граѓаните и нема да ги заборави првиот ден кога ќе стапи на функција. Знаете, актуеланта градоначалничка никој ја нема видено, како да не постои во општината,за незе партиските собири се поприоритетни од  граѓанските. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ нема интерс за општина Кисела Вода и после 12 години тоа кај граѓаните не поминува.

Кои се клучнитепроблеми со кои се соочува општината и каде ќе треба новата локлана власт да се насочи? Рековте инфраструктурата, но што друго?

 Како општинска организација во изминатиот период собиравме мислења од граѓаните и ја скениравме општината и населбите. Тоа ќе го правиме и сега пред почетокот на кампањата да ги допрецизираме мерките. Ние знаеме што и каде треба да се направи и нашиот пристап ќе биде поразличен од овој на ВМРО-ДПМНЕ. Прво, општината е голема и секоја населба има своја специфика и проблеми. Потребни се различни реконструкции и инвестиции во различни делови и токму таква програма подготвуваме. Инфраструктурата е најголем проблем и таа ќе биде во фокусот. Припор, Усје, Населба и Село Драчево, Пинтија треба да добијат нови улици и решение за горливите инфрструктурни проблеми. Во координација со централната власт да се најде решение за долгогодишниот проблем со катастарот во Селоо и населба Драчево.Улиците во централниот дел на општината исто така се во лоша состојба и многу малку е инвестирано. Туку се планираат поголеми зафати и сообраќајни решенија. Второ, огромен проблем е комуналната хигиена. Планираме инвестиции во сопствени капацитет за чистење и оддржување. Градот Скопје целосно потфрли во тој дел од работењето и сметам дека општините мора имаат свои, независни претпријатија за да се подобри состојбата. Трето, нови и кавлитетни ДУП-ови мора да се донесат час поскоро. При носењето на овие ДУП-ови мора да се внимава на животната средина и да не се пренатрупува општината. Скопје пати од загадувањето и потребна е одговорна локална власт која при секоја дозвола за градба или урбанизација ќе мисли пред се на животната средина, а не на профитот. Општината располага со големи неурбанизирани површини кои треба внимателно да се осмислат и реализараат. На тој начин ќе се обезбедат приходи за финансиска стабилност и инвестиции во други проекти. Имаме и многу решенија за образованието како и градинките, но и за локалниот економски развој. Во соработка со централната власт ќе ги поддржиме земјоделците и малите претпријатија кои ги има многу на територијата на Кисела Вода. Да сумирам, општината досега беше страшно лошо менаџирана. Долговите расте, а истовремено малку се инвестираше. Потребно е целосно нова стратегија за финансиско зајакнување и добри урбаниситчки и инфраструктурни решенија, комуникација со граѓаните и достапност. Ова со новата програма на СДСМ ќе биде можно.

За крај, вие сте еден од кандидатите за градоначалник, ја очекувате ли поддршката оп партијата?

Во тек се партиските процедури и јас се надевам на поддршка од раководството. Во општинската организација имам најголема поддршка од сите кандидати и веќе заедно се подготвуваме за изборите. Во овој момент е најважно добро да се подготвиме и да истрчаме со силен тим и добра програма и целосно сум сконцентриран на тоа. 

Loading...