Експресен доручек од шолја: Уште вакво јајце не сте пробале! (ВИДЕО)

Само неколку состојки ви се доволни за во целост да уживате во почетокот на новиот ден...

 

Состојки:

  • 1 исечкан домат (може и од конзерва)
  • 1 лажичка сечкан лук
  • 1 јајце
  • свеж босилек
  • пармезан
  • малку сува пиперка

Начин на подготовка:

Во шолја ставете исечкан домат, додајте лажичка сечкан лук, посолете и измешајте. Додајте едно јајце и ставете во микробранова печка на три минути.

Кога јајцето ќе биде готово, извадете го од микробранова, посипете го со сува пиперка, свеж босилек и пармезан.

Послужете со крцкав тост леб и уживајте...

За детална подготовка погледнете го видеото:

Loading...