САМО ЗА ВИСТИНСКИ ГУРМАНИ: Сремска тава, познато јадење од Војводина!

Срем, како и цела Војводина, е познат по фантастичните специјалитети, јадења со пикантен вкус, кои никого не оставаат рамнодушен. Пробајте го овој рецепт, бидејќи пружа типичен вкус...

 

Состојки:

  • 1 кг свински бут
  • 1 кг јагнешко месо
  • 10 помали главици кромид
  • 10 зелени пиперки
  • 1 главица лук
  • 2 лажички мелени зачински пиперки
  • 2 лажици свинска маст
  • сол

Начин на подготовка:

Исечете го месото на големи коцки, кромидот на кругови и пиперките исто така. Исчистете главица лук и згмечете го секое чешне. Ставете го месото и останатите состојки во сад, па зачинете со бибер, сол и зачинска пиперка.

Сè добро измешајте, поклопете и оставете да отстои два часа. Загрејте маст или масло. Прелијте го месото со врела маст, па тенџерето ставете го на тивок оган и динстајте околу еден час додека не омекне. Повремено наливајте го со бујон.

Loading...