ЏЕМ ОД РЕРНА: Брз намаз од било кое овошје, без мака!

Замислете си утро со препечен тост, домашно кафе и малку џем - прекрасно!

 

Состојки:

  • овошје по желба (сливи, јагоди, јаболка, праски...)
  • малку шеќер
  • малку цимет (по желба)

Начин на подготовка:

Исчистете го овошјето и наредете го подлабока тепсија или тенџере кое го собира во рерна. Потоа посипете по врвот една рака шеќер, па додајте малку цимет.

Вклучете ја рерната на 150 степени и оставете полека да крчка. Повремено промешајте го џемот. Кога ќе ја достигне саканата густина, префрлете го џемот во стелиризирани тегли и оставете да се излади.

Теглите чувајте ги во фрижидер бидејќи џемот нема конзерванс па може брзо да се расипе ако не стои на студено место.

Уживајте!

Loading...