БРАЈЧИНО – ИНТЕРЕСНО МЕСТО ЗА СЕЛСКИ ТУРИЗАМ

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Селото Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се допира со атарот на селото Бистрица, Битолско, како и со државната граница на јужниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од 1000 метри. Тоа е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река. Атарот на селото е доста голем и зафаќа простор од околу 60 километри квадратни, во кој повеќе пре- овладуваат шуми и пасишта, а помал дел отпаѓа на обработливо земјиште.

Повеќе: БРАЈЧИНО – ИНТЕРЕСНО МЕСТО ЗА СЕЛСКИ ТУРИЗАМ

Интервју: Гоце Цветановски, пред премиерата на „Човекот што не беше таму“. ( ВИДЕО )

Кански филмски фестивал : Интерес за македонскиот павиљон – во исчекување на премиерата на „Насоки“

Агенција за филм ја промовира македонската кинематографија со најновата филмска продукција, и ја рекламира земјата како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства во износ од 20% треба да се привлечат странските продукции да снимаат кај нас.

Повеќе: Кански филмски фестивал : Интерес за македонскиот павиљон – во исчекување на премиерата на „Насоки“

Триото на Трајковска со изведба на класични композиции во кросовер стил

Македонската виолинистка Пламенка Трајковска со своето гудачко трио ќе реализира концерт во НУ Центар за култура Кочо Рацин во Кичево. Концертот ќе се оддржи на 23 мај (вторник) со почеток во 20.30.часот.

Повеќе: Триото на Трајковска со изведба на класични композиции во кросовер стил

Сe одржа првиот фестивал на куклени театри „Дебарска кукла“

Во организација на здружението за Арт култ 5, во Центарот за Култура денеска заврши првиот фестивал на Куклени театри „Дебарска кукла“. На фестивалот учествуваа четири куклени театри од Македонија, Албанија и Турција, претставувајки се со претстави на македонски, албански и турски јазик.

Повеќе: Сe одржа првиот фестивал на куклени театри „Дебарска кукла“

Трето издание на МАН на познатата Школка во Градски парк

Во Градскиот парк, на познатата Школка, на 23 мај ќе се одржи третото издание на македонските алтернативни награди – МАН, на кое ќе се доделуваат награди за најзаслужните чинители на македонската култура и уметност проследени со настапи од многу македонски бендови и артисти: Јаков Дренковски и Бендот, ПМГ Колектив, СМАТ, Проџект Орфеус, Д Блек енд Вајз Сошл Клаб, Подземан ефект, Кртот, Видо, Сиги, Алфа, Стил темпл, како и видеодиџеј дуелот помеѓу диџеј Гоце САФ и диџеј Славе .

Повеќе: Трето издание на МАН на познатата Школка во Градски парк

Излезе од печат збирката „Златен меч на времето: поезија за Велес и велешани“

Деновиве излезе од печат збирката „Златен меч на времето: поезија за Велес и велешани“ во издание на Академски Печат и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Повеќе: Излезе од печат збирката „Златен меч на времето: поезија за Велес и велешани“

Македонија повторно со филм на Канскиот фестивал

Агенцијата за филм на Република Македонија оваа година по осми пат е дел од Канскиот филмски фестивал, и по втор пат со филм во официјалната програма на фестивалот.

Повеќе: Македонија повторно со филм на Канскиот фестивал

Серијата слики од циклусот „Кучиња“ на Сергеј Андреевски ќе бидат изложени во Нирнберг

Серијата слики од циклусот „Кучиња“ на македонскиот уметник Сергеј Андреевски од викендов ќе бидат изложени во Нирнберг, Германија.

Повеќе: Серијата слики од циклусот „Кучиња“ на Сергеј Андреевски ќе бидат изложени во Нирнберг

Кавадаречките „Стјуардеси“ ќе бидат поставени во Скопје

По осум целосно распродадени репризи на матичната сцена при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ и успешното гостување во Гостивар, хит комедијата „Стјуардеси“ по текст на Марк Камолети, а во режија на Диме Коцевски во понеделник, 22 мај ќе биде поставена и во Домот на АРМ во Скопје.

Повеќе: Кавадаречките „Стјуардеси“ ќе бидат поставени во Скопје

Страница 1 од 14