Почина жената со најубави очи

„Во нејзината 97 година најубавите очи на францускиот филм се затворија засекогаш во вторник наутро, на 20 декември“, се вели во соопштението од семејството.

 

Мишел Морган играше во околу 70 филмови, а се прослави со улогата во филмот „Крајбрежје во магла“ на Марсел Карне од 1938 година, во која партнер и беше големото актерско име Жан габен.

Познати се нејзините улоги во филмовите „Големите маневри, „паднатиот идол“ и „Фабиола“ од 1949 година.

Како позната глумица ја доби првата награда за најдобра женска улога во историјата на Канскиот филмски фестивал во 1946 година за улогата во филмот „Пасторална симфонија“ на Жан Делано, адаптација на истоимениот роман на Андре Жид.

Мишел Морган, која беше олицетворение на францускиот гламур, публиката двапати ја бираше за најпопуларна француска актерка.

За време на Втората светска војна ја напушти Франција и се обиде да гради кариера во Холивуд, но таму не доби забележителни улоги и се врати во родната земја.

Погребната церемонија ќе се одржи во петок во Париз.

спонзориран линк:

(adverts)