Објавена збирката хаибуни „Небо без ѕвезди“ од Владимир Мартиновски

Излезе од печат збирката хаибуни „Небо без ѕвезди“ од Владимир Мартиновски во издание на ИЛИ-ИЛИ.



Во 2009 истиот автор ја објави и „Ехо од бранови“ која претставуваше прва збирка хаибуни во македонската литература, жанр кој потекнува од древната јапонска литература во кој се обединуваат и се проткајуваат кратката проза и хаику-поезијата.

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) е поет, раскажувач, есеист, книжевен критичар, преведувач. Вонреден професор е на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Автор на поетските книги: Морска месечина (2003), Скриени песни (2005), И вода и земја и оган и воздух (2006), Квартети (2010), Побрзај и почекај (2011), Пред и по танцот (2012), Вистинска вода (2014) и Внатрешни планини (2016), како и на првата книга хаибуни во македонската литература – Ехо од бранови (2009, ИЛИ-ИЛИ).

Автор и на книжевно-теориските книги: Од слика до песна (2003), Споредбени триптиси (2007), Les Musées imaginaires (2009), Слики за читање (2009), Споредбени диптиси (2011) Зоон поетикон (2013) и Narro ergo sum (2015).

Добитник на неколку книжевни награди: „Браќа Миладиновци“ (за поезија), „Нова Македонија“ (за расказ) и „Димитар Митрев“ (за книжевна критика). Се занимава и со други уметности: музика, сликарство, фотографија…/извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*