„Повторно величествена“ од Доналд Џ. Трамп издадена на македонски јазик

Најцитираната и најпродаваната книга „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од Доналд Џ. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, книгата што се чита во еден здив, можете да ја најдете ексклузивно и единствено на македонски јазик во издание на издавачката куќа Арс студио.

 

Најновото издание на „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од Трамп, што предизвика голем интерес во светот со неговите конкретни планови и идеи за САД, е една од најчитаните книги што се продава во милионски тиражи и, само по неколку месеци од нејзиното издавање во САД, веќе е достапна и на нашиот пазар преведена на македонски јазик.

Арс студио, основанo во 2000 година, ги има ексклузивните права за издавање на книгата „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” на македонски јазик, која можете да ја купите единствено во нивната штанд-книжарница во Скопје Сити Мол, 2 кат.

Во штанд-книжарницата на издавачката куќа АРС СТУДИО можете да најдете и најнови изданија на македонски јазик на литературни дела од врвни наградувани автори и стручна литература од областите филозофија, историја и психологија./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)