Закажан и втор концерт на Ричард Клајдерман во Скопје

Поради огромниот интерес за доаѓањето на Ричард Клајдерман во Скопје, чиј концерт, кој ќе се одржи на 1 април 2017, е речиси распродаден, организаторите, Прагма Продукција, се одлучија и за втор концерт, што ќе се одржи другиот ден во Македонската опера и балет.

 

Билетите за вториот концерт ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Пола Југотон и билетарата на Македонска Опера и Балет.

Концертот на овој светски пијанист е поддржан од Министерството за култура./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...