Во Франција, сепак, објавена контроверзната книга „Исламски фашизам“

Есејот „Исламска фашизам“ на германскиот државјанин од египетско потекло Хамед Абдел-Самад во која авторот жестоко се пресметува со ткн политички ислам, кончено е издадена во Франција, во издание на куќата „Grasset“, шест месеци откако првиот издавач го одби нејзиното печатење.

 

Есејот, кој беше бестселер во Германија каде што беше објавен во 2014 година, прави паралела меѓу фашистичката идеологија и исламизмот, навраќајќи се на почетоците на Куранот.

Според мислењето на авторот Хамед Абдел-Самад, „фашизодната идеологија не влегла во исламот со подемот на Муслиманското братство, туку е вкоренета во самите почетоци на исламот“.

Авторот го обвинува исламот дека „ја укинал верската разновидност на Арапскиот полуостров, дека од своите верници бара безусловна послушност, дека не трпи поинакво мислење, како и дека сака да владее со светот“. „Проблемот на исламот не е проблем на оние коишто го критикуваат, туку проблем е тој самиот, неговите текстови и неговиот поглед на свет“.

Хамед Абдел-Самад, роден 1972 година во близина на египетската престолнина Каиро, е син на имам и еден од неизбежните критичари на исламот во Германија. Поради тоа, живее под постојана полициска заштита, по добиените смртни закани.

Есејот есента минатата 2016 година требаше да го објави издавачката куќа „Piranha“ којашто ги откупи во 201 година издавачките права. Меѓутоа, нејзиниот дирекор Жан-Марк Лубе се откажа од објавувањето од безбедносни причини, истакнувајќи дека тезите кои ги брани авторот би можеле да одат во полза на крајната десница.

„Авторот сум кој жестоко го критикува исламот, но никогаш не сум ги стигматизирал муслиманите“, изјави авторот Хамед Абдел-Самад.

Книгата на англиски јазик беше објавена во јануари 2016 година./извор:Макфакс

Loading...