Брзо сликање за 8 Март во Прилеп

Под мотото, „Уметниците по повод Осми март“, во ЦК „Марко Цепенков“, во вторник се одржа традиционалната манифестацијата „Брзо сликање“, на која осум уметници членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) сликаа по повод меѓународниот ден на жената.

 

„Манифестацијата е убава можност за дружење меѓу нас колегите. Тука твориме и разменуваме мислења и сме креативни во одбележувањето на празникот на жената“, изјави умeнтицата Биљана Бинчев.

ЦК „Марко Цепенков“ по осми пат ја реализира оваа креативна манифестација.
„Станува збор за креативна манифестација преку која со творештво и дружење се одбележува меѓународниот ден на жената. Покрената е на иницијатива на нашата институција и ДЛУП, со поддршка на локалната самоуправа. Сакаме како институција, но и ДЛУП да бидеме креатори на ликовната уметност“ – изјави Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“.

Делата создадени на манифестацијата ќе бидат презентирани на изложба./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display