Џоан Роулинг се враќа со нова книга

Светски познатата британска писателка Џоан К. Роулинг го објави на Твитер насловот на следната книга од серијалот кој го пишува под псевдонимот Роберт Галбрејт, пренесе во средата ТАСС.

 

Книгата ќе биде насловена како “Lethal White”. Во нема да се зборува за детето волшебник со тркалезни очила, туку за детективот Корморан Страјк кој е главен лик во криминалните романи “Повикот на кукавица” од 2013 година, “Свилената буба” од 2014 година и “Во служба на злото “од 2015 година

Сите тие се напишани од Џоан К. Роулинг под псевдонимот Роберт Галбрејт. Минатата година писателката ја издаде книгата “Хари Потер и Проколнатото дете” за животот на веќе пораснат волшебник.

Осмиот дел од легендарната сага стана најдобро продавана драма во историјата на британската литература, а ги надмина и рекордите за продажба на Шекспировата трагедија “Ромео и Јулија”./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display