Европол пронајде 67 слики во стан во Виена, украдени во 2014 година

Европол соопшти во среда дека во еден стан во Виена се пронајдени 67 слики, украдени пред две години од една тамошна вила.

 

 

Европол наведе дека сликите, проценети на 2,5 милиони евра, се запленети во соработка со австриската полиција.

Портпаролот на полицијата во Виена Патрик Мајерхофер изјави дека сликите веројатно ги украла меѓународна банда од источна Европа.

Европол додаде дека недостасуваат четири слики, чија вредност е околу 50.000 евра.

Loading...