Европските оперски денови за првпат ќе се прославуваат и во Македонија

Европските оперски денови за првпат ќе се прослават низ Европа во времетрање од една недела.

 

 

Македонија е една од над 70 оперски институции од 18 држави што ќе ги отворат своите врати од 5 до 14 мај за публиката нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта.

 

Македонската опера и балет со премиерата на детската оперета „Пролетна приказна“ од Стојан Стојков ќе ги прослави „Европските оперски денови 2017“. Премиерата е предвидена за 20 мај, од 12 часот, на малата сцена на МОБ. Публиката ќе има можност оваа претстава да ја погледне на 20 и 21 мај, од 12 часот, на малата сцена на МОБ.

 

„Ваквата форма е дефицитарна не само кај нас туку и на интернационално ниво. Тргнувајќи од овој факт, се согласив да го создадам оваа музичко­сценско дело, кое се надевам ќе предизвика интерес кај нашата најмлада музичка публика“ , изјави диригентот Теа Богатиновска.

 

Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура.

 

Иницијатива за прославување на оперските денови на ниво на цела опера е на Opera Europa, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперско­балетска едукација. Соработката помеѓу МОБ и Opera Europa почна во 2008 година.(Макфакс)

Loading...

JT Fixed Display