„Идеализирање“ на Симона Манчева во Кавадарци

Проектот „Идеализирање“ е интердисциплинарен проект кој се состои од различни медиуми: цртеж, темпера, масло на платно и на дрво, акрил на платно и дрво, фотографии, инсталации, скулптури и реди-мејтд. Овој проект вели авторката е произлезен од долгогодишно истражување за сексуалноста и сексуалните практики на човекот.

 

Вечерва со почеток во 20 часот во Музеј-галерија Кавадарци ќе биде отворена изложба на уметницата Симона Манчева под наслов „Идеализирање“. Проектот „Идеализирање“ е интердисциплинарен проект кој се состои од различни медиуми: цртеж, темпера, масло на платно и на дрво, акрил на платно и дрво, фотографии, инсталации, скулптури и реди-мејтд. Овој проект вели авторката е произлезен од долгогодишно истражување за сексуалноста и сексуалните практики на човекот.

Симона Манчева е родена во Кавадарци, во 2011 година дипломира на факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство. Таа е уметник кој се интересира за поставување на уметноста во социолошки и социјален контекст, како и за уметноста во јавен простор, Таа исто така се интересира за социјално маргинализираните групи во уметничка смисла, а особено за социјалните аспекти на сексуалната работа.(Макфакс)

Loading...

JT Fixed Display