Промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин во Торонто

На 16-ти мај 2017 година, се одржа промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин, коe е издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје. Делото, за кое се рецензенти поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан и проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ, беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, во катедралната Македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, а во рамките на активностите на Канадско-македонското историско друштво и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада.

 

За делото зборуваа Драгица Димовска, уредник и водител на Македонското радио час „Обединета Македонија“ и Тодор (Тони) Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, а присутните ги поздрави генералниот конзул на Република Македонија во Канада, д-р Јовица Палашевски.

Во своите излагања Драгица Димовска и Тони Марковски , меѓу другото, рекоја дека книгата „Македонски иселенички меридијани“ од познатиот автор на бројни дела за иселеништвото, Славе Катин, е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Неговото дело е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло. Во книгата на 600 страници се објавени имиња на познати и признати личности, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на македонските православни цркви од нивното конституирање од дамнина до денес. Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.

Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградиле во темелите на историјата на македонското иселеништво и на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации.

Сите тие го посветиле својот труд, талент и љубов на дедовската земја и дале значаен прилог и придонес за афирмација на вистината за Македонија, за бројни македонски друштва, клубови и друг вид асоцијации во новата средина во дијаспората.

Loading...