КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ИЛИНДЕНСКИ ПРОСЛАВИ

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Илинденската иселеничка традиција во Љубојно живее над 40 години, а со тоа Илинден е и слава и верски празник. Илинден како ден на востанието на македонскиот народ да стане и ден на Љубојно и околните села, Брајчоно. Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Арвати, како и Селата во Долна Преспа во егејскиот дел на Преспа и Мала Преспа во Албанија.

 

Ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции, духовност, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот да бидат вечна.

Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини, а по традиција, на 2 август се одржува општ собор на многуилјадниот народ. Ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.

Овој голем ден верската и национална симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите.

Иселенички средби се одржуваат во Љубојно, во Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, во Подмочани, Болно и Пустец, во Мала Преспа. И овие средби, главно, имаат иселенички карактер. Средбите ги организираат и финансираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да има повторни видувања со роднините и пријателите, да има пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно, со желба таквите средби да бидат мотив повеќе за другарување и организирано другарување на Македонците од Преспа и пошироко.

Така, овие иселеничките средби во цела Преспа, покрај другарувањата во родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбите се паметат долгите прекрасната атмосфера и моментот кога селото е живо како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родните села под Пелистер.

Карактеристично за „Љубанските илинденски иселенички средби“ е тоа што со реконструкцијата на „Воденицата“ на Нивичаните во „Чивлик“, културните манифестации започнаа да се одржуваат во дворот на воденицата каде средбите добија нова културна димензија. Културниот дел од средбите започна да се организира во попладневните часови на 31 јули, на кои со своето учество редовно манифестацијата ја збогатуваат фолклорни групи, истакнати естрадни пеачи, градоначалникот на општина Ресен и на други институции, како и голем број видни личности од општествениот, политичкиот и црковниот живот во Република Македонија.

Меѓу нив посебно место заслучуваат: градоначалните на Ресен Димитар Бузлевски, Михајло Волкановски и Ѓоко Стрезовски, надлежниот архиереј на Преспанско - пелагониската епархија на МПЦ, митрополитот Петар со свештеници од Ресен и Битола, Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, министри на Владата, пратеници на Собранието на Република Македонија, оптествено-политички функционери, културолози, новинари, телевизиски екипи, видни иселеници од дијаспората и други знајни и незнајни личности.

Карактеристики за Вториот ден на „Љубанските илинденски иселенички средби“, пак, е тоа што тие од „Воденицата“ продолжуваат на „Полена“. Така, од 2007 година средбите добија нов правец на културен план, особено кога на 1-ви август во предвечерието на Илинден актерката Елена Мосе, член на Народниот театар од Битола ја изведе монодрамата „Пјав“. Потоа Илинденската вечер продолжи со изведба на свои програми на културно – уметничките друштва „Везилка“ од Охрид и „Моминок“ од Прилеп.

Од втори август 2005 година отпочна да се изведува дефиле по улиците на Љубојно во кое учествуваат голем број граќани, членови на културно – уметнички друштва, познати личности, преводени од градоначалникот на Ресен и организаторот на Средбите. Потоа, се одржува богослужба во црквата „Свети Илија“ и се положува букети свежо цвеќе пред спомениците за Илинден и НОБ.

Музичкиот дел на „32-те Љубанските илинденски иселенечки средбите“ во 2005 година го водеше музучката група „Биоритам“, а настапија познатите естрадни уметници: Татјана Лазаревска, Јасмина Мукаетоа, Гоце Арнаудов и љубанецот Ламбе Алебаковски. Таа година музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски настапи за прв пат на „Полена“, каде беше прифатен со љубов и награден со аплаузи, овации и бакнеши од младите генерации. Од оваа година па се до денес Ламбе Алабаковски е присутен на „Љубанските илинденски иселенечки средбите“ со свој репертоар на забавна и народна музика.

Триесет и четвртите Љубански илинденски иселенички средби се одржаа во 2007 година на кои се продолжија традициите од предходните години. Тие започнаа во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Средбите продолжија во вечерните часови на „Полена“, каде присутните ги поздравија љубанецот Ратко Милошевски кој шивее во Детроит и кој беше претседател на манифестацијата. Исто така, на присутните на средбата се обратија господинот Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен, неговата екселенција Јордан Плевнеш, амбасадор на Република Македонија во УНЕСКО и Весна Палмер, иселеник и донатор од Колорадо, САД.

Во вечерните часови Илинден беше збогатен со необичната и професионална изведба на вечер на љубанската поезија „Мементо“ за Наум Манивилов – Преспански во режија на Владо Цветановски и амбасадорот Јордан Плевнеш, а по сценарио на Бошко Рајчовски – Пелистерски. Во оваа иведба учествуваа групата „Љубојна„ од Битола и актерите Бошко Бозаџиевски и Елена Трајковска. Потоа, програмата ја збогатија со свои оригинални ора и песни КУД „Таше Милошевски“ од Ресен и КУД „Чиперо“ од Кечкемет, Унгарија, со што се прошири во народна веселба која траеше до доцна во ноќта.

Продолжува



Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Фото: Википедиа/PetarM

Loading...