„Забрањено пушење” на Широк сокак

Вечерва, на Битола на Широк сокак, во 21 часот ќе настапат култните „Забрањено пушење” . Настап ќе имаат и македонскиот реге состав „Конкверинг лајон” . Сараевската рок легенда „Забрањено пушење” во Битола доаѓа непосредно пред нивниот настап на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

Вечерашниот настанот е дел од фестивалот „Битола отворен град 2017”, кој се одржува до 30 јуни. Програмата на фестивалот „Битола отворен град 2017” продолжува и утре (29 јуни) кога кај Саат кулата во Битола во 18 ќе се одржи работилница за модна илустрација, додека во 21.30 часот пред кафе-барот „Инстикт“ ќе има моден перформанс на модна дизајнерка и продуцентка Мелани Дигит поддржан од диџеј сет.(Макфакс)

Loading...