Вечерва почнуваат „Златните денови“ во Кратово

Бините се поставуваат, ѕвездите се подготвуваат, градот се полни и луѓето се раздвижени низ тесните улици и кули уживајќи во староградската кратовска атмосфера и ладниот планински воздух… вака кратовци го опишуваат амбиентот во Кратово во пресрет на „Златните денови“, кои почнуваат вечерва. Настапите на Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ – Кеба, Јана Бурческа и Слаткар ќе ја отворат првата вечер од манифестацијата. Утре настап има поп дивата Калиопи. Истата вечер ќе настапат и Етно составот – Вез од Штип, „Пеперминт“ и новосаѓаните „Трибјут ту Бјело Дугме.“

 

По завршувањето на настапите во центарот на Кратово забавата ќе се пренесе во базен дискотеката Кратово каде музика ќе пуштаат познати домашни диџеи. „Златни денови“ во Кратово се одржува 4 години по ред.

Градот очекува гости од цела Македонија и од Балканот.

(Макфакс)

 

Loading...