В недела концерт на Чик Кореа

В недела (2 јули), во 21 часот легендарниот џез-состав „Чик Кореа електрик бенд“ ќе настапи во Скопје во Метрополис арена. Скопскиот настап е во рамките на нивната светска турнеја. Чик Кореа е едно од најголемите музички имиња во сферата на џез-музиката. Славниот пијанист и композитор Чик Кореа гостуваше во Скопје, во рамките на Скопскиот џез-фестивал во 2009 година, но сега доаѓа со бендот со кој создаде вистинска духовна, уметничка револуција.

 

Билетите за концертот на легендарниот џез-состав се веќе во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, а цените се движат од 990 до 3.000 денари.

 

Loading...