Концерт на „Црвена јабука“ во Пехчево

На 15 јули, во Пехчево концерт ќе имаат популарниот екс-ју бенд „Црвена јабука“, чиј настап е во рамките на традиционалниот „Фестивал на трубата“. Фестивалот почнува на 13 јули со традиционалниот етносаем.

За време на неколкуте фестивалски дена, на сцената освен натпреварувачите, ќе настапат и „Љубојна“, Наум Петревски и Зуица Лазова. За време на фестивалот најавени се ревијални концерти на дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија, меѓу кои се и Џамбо Агушев, Уска-Кан, Млади Агушеви и Бојан Ристиќ од Србија.

 

Loading...