Јелена Розга ќе одржи концерт во Гевгелија и во Охрид

Викендов хрватската поп дива Јелена Розга ја почнува својата летна турнеја 2017 низ Македонија со спектакуларни настапи низ најатрактивнните летни клубови и дискотеки, како и на летните фестивали во земјава!

 

Хрватската поп-пејачка Јелена Розга в петок (7 јули) ќе настапи во Гевегелија. Таа ќе настапи со својот бенд каде два часа во живо пред публиката ќе ги отпее своите стари хитови, како и песни од својот албум „Модерна жена“. В сабота, пак, Розга ќе има настап во Охрид на „Кадмо бич“. Следниот месец сплитската поп-пејачка ќе настапи на 11 август во Куманово и на 12 август на „Струмица опен фестивал 2017“.

 

Loading...