Холограмски музички фестивал во Скопје

Од 15 до 17 септември, во Скопје ќе се одржува холограмски музички фестивал. Фестивалот беше најавен под кампањата „Ајде погласно Скопје“ и ова е прв ваков фестивал во регионот.

 

„Хало фестивалс” е првата интернационална тура на холограмски музички фестивали, која организаторит ја почнуваат токму во Скопје. Иако е македонски проект, концептот го привлече вниманието на европската музичка индустрија, па дури и пред првото случувањето на фестивалот во Скопје, закажан е и вториот „Хало фестивал” во Шведска, 2018 година. Како спој од напредна технологија (холограми) и музичката индустрија, фестивалот обединува и групи на креативни граѓани, здруженија, локални фестивали, како и најдобрите ИТ компании од Македонија.

Холограмскиот фестивал најавува модерна холограмска технологија, ќе понуди и богата музичка програма со локални, но и интернационални артисти чиишто настапи ќе бидат во живо и во форма на холограми.

Организаторите засега не ја откриваат музичката програма.

 

Loading...