Жулиет Бинош во нова улога во филмот „Откачени трудници“

Жулиет Бинош е една од најнаградуваните актерки во светот. Нејзината кариера е разновидна, па по неколку драматични улоги, наскоро ќе ја гледаме во комедијата „Откачени трудници“, во режија на Ноеми Саглио, која пристигнува во домашните кина на 17 август.


„Овој проект го прифатив без размислување од аспект на некомпактибилноста што се појави кога се сретнавме со Ноеми Саглио и Камил Котин“, изјави познатата актерка додавајќи дека не очекувала да добие повик да сними една вистинска француска комедија.„Признавам дека ме привлече идејата да играм адолесцент зашто мислам дека никогаш немав време за тоа, брзо пораснав во духот, имав стекнато чувство за одговорност, ме понесе страста кон театарот и немав време за губење“, истакна Бинош.
Урнебесната комедија „Откачени трудници“ ни ја раскажува приказната за мајка и ќерка кои истовремено остануваат трудни. Камил Котин се најде во улогата на ќерката Аврил, која е згрозена од фактот што нејзината мајка (Жулиет Бинош), која наскоро треба да стане баба, станува мајка по вторпат.
Аврил и нејзината мајка Мадо се потполно различни. Аврил има 30 години, мажена и има редовна работа. По стилот на живот се сосема различни со својата мајка, вечната тинејџерка, безгрижна и дрска. Но, кога двете ќе останат трудни во исто време, конфликтот е неизбежен. Мадо не е подготвена да стане баба, додека Аврил не може да ја замисли својата мајка како … новопечена мама! Оваа комедија ќе ја засмејува домашната публика од 17 август во кината низ Македонија.

Loading...