Промоција на книгата „50 години литературен клуб Копнеж“

Во рамки на одбележувањето на светскиот ден на авторското право беше промовирана книгата „50 години литературен клуб Копнеж“.

Повеќе: Промоција на книгата „50 години литературен клуб Копнеж“

Собата на Ван Гог во еко дизајн

Во рамките на прсетојното издание на фестивалот „Скопје креатива 2017“ што ќе се одржи од 4-6 мај во МКЦ, Архитектонски факултет ќе учествува со делото со наслов „Влези/enter“. Делото претставува 3Д транскрипција на сликата на собата на Ван Гог. Собата ќе биде изведена од разни видови картони и лесонит, како 3Д релјеф што продолжува и излегува во просторот како макета.

Повеќе: Собата на Ван Гог во еко дизајн

Ума Турман ќе претседава со жирито на „Извесен поглед“ во Кан

Канскиот филмски фестивал објави дека американската актерка ќе го предводи жирито на престижната програма во која годинава учествува и македонската копродукција „Насоки“ на Стефан Командарев.

Повеќе: Ума Турман ќе претседава со жирито на „Извесен поглед“ во Кан

„Реквием за госпоѓа Ј.“ – Кошмар во соседството

Постои ли формула за правење успешен филм на Балканот? Ако ги погледнеме последните успеси на филмовите од балканските кинематографии изминативе години, тие и покрај „розовата“ диоптрија, сепак, спаѓаат во второкласните дострели.

Повеќе: „Реквием за госпоѓа Ј.“ – Кошмар во соседството

МОНОГРАФИЈА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Книгата ,,Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” на Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со тектови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствена книга е исто така посветена на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој оваа година одбележува 400 години од своето постоење.

Повеќе: МОНОГРАФИЈА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА

По 15 години во подрум, 5200 наслови и 2000 магазини осветлени во библиотеката на МСУ

Правливи и заборавени една и пол деценија, 5200 наслови на антологиски стручни изданија, енциклопедии, монографии, каталози и 2000 магазини од областа на уметноста, собирани од далечната 1969 година, се вратени на полиците во адаптираната библиотека на Музејот на современа уметност, и од денеска се на располагање на студентите и сите други љубители на уметноста. Освен што тие 15 години биле во подрумот на институцијата, пред шест години се избришани од регистарот, како воопшто да не постоеле.

Повеќе: По 15 години во подрум, 5200 наслови и 2000 магазини осветлени во библиотеката на МСУ

Хитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

Мјузиклот „Тајно моја“ создаден, по повод 10-годишнината од прераната смрт на големата музичка ѕвезда Тоше Проески, ќе биде изведен вечерва во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет.

Повеќе: Хитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на пресвета Богородица.

Повеќе: СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“

СЛИВНИЦА – ЗНАЧАЈНО ЛЕТОВАЛИШТЕ ВО ПРЕСПА

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Кога ќе се пристигне во Долна Преспа, прво село е Сливница. Тоа е лоцирано на падините на ридот кој се извишува над источниот брег на Преспанското Езеро, на територијата на Општина Ресен. Сливница е ридско село, кое се издига на надморска височина над 900 метри, чиј атар високо се издига од езерото и се граничи со сртот на планината Баба, зафаќајќи простор од околу 10 километри квадратни.

Повеќе: СЛИВНИЦА – ЗНАЧАЈНО ЛЕТОВАЛИШТЕ ВО ПРЕСПА

Претставата „Сомнително лице“ во рамки на роденденскиот маратон на МНТ

Претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Евтимов, ќе биде изведена во сабота вечер во рамки на роденденскиот маратон на Македонскиот народен театар.

Повеќе: Претставата „Сомнително лице“ во рамки на роденденскиот маратон на МНТ

Страница 2 од 11