Хитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

Мјузиклот „Тајно моја“ создаден, по повод 10-годишнината од прераната смрт на големата музичка ѕвезда Тоше Проески, ќе биде изведен вечерва во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет.

Повеќе: Хитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на пресвета Богородица.

Повеќе: СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“

СЛИВНИЦА – ЗНАЧАЈНО ЛЕТОВАЛИШТЕ ВО ПРЕСПА

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Кога ќе се пристигне во Долна Преспа, прво село е Сливница. Тоа е лоцирано на падините на ридот кој се извишува над источниот брег на Преспанското Езеро, на територијата на Општина Ресен. Сливница е ридско село, кое се издига на надморска височина над 900 метри, чиј атар високо се издига од езерото и се граничи со сртот на планината Баба, зафаќајќи простор од околу 10 километри квадратни.

Повеќе: СЛИВНИЦА – ЗНАЧАЈНО ЛЕТОВАЛИШТЕ ВО ПРЕСПА

Претставата „Сомнително лице“ во рамки на роденденскиот маратон на МНТ

Претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Евтимов, ќе биде изведена во сабота вечер во рамки на роденденскиот маратон на Македонскиот народен театар.

Повеќе: Претставата „Сомнително лице“ во рамки на роденденскиот маратон на МНТ

ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО – БИСЕРОТ НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Една од главните карактеристики во западниот дел на Македонија претставува водното богатство. Водата во овој регион, главно, се користи за енергетски и мелиоративни цели. Меѓутоа, основно својство на водното богатство е тоа што го зголемува економскиот потенцијал и го преобразува природниот простор на чие подрачје се чувствува влијание на средоземната и континенталната клима. Овој простор на Македонија е богат и опкружен со многубројни високи планини и планински венци, меѓу кои се вгнездени голем број питоми и плодни полиња, како и природни и вештачки езера.

Повеќе: ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО – БИСЕРОТ НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕСПА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ЦАР САМОИЛ

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА

Ако Македонија е најубавата земја на Балканот, тогаш Преспа е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на овие простори некогаш било седиштето на Самуиловата држава, а и на свети Климента. Првиот бил владетел на светот, а вториот бил великан на православието. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо.

Повеќе: ПРЕСПА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ЦАР САМОИЛ

Првата светска војна претставена од страна на македонски средношколци

Изложба на уметнички дела креирани од страна на средношколци од неколку градови во Македонија на тема „Првата светска војна“, се одржа во среда во Скопје.

Изложбата се организира во рамките на проектот на АЛДА Скопје „Прва светска војна и млади – мир и помирување“.

Повеќе: Првата светска војна претставена од страна на македонски средношколци

Романот „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски избран за „Роман на годината“

Романот „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е годинешен добитник на наградата „Роман на годината“, што ја доделува „Утрински весник“.

Повеќе: Романот „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски избран за „Роман на годината“

Европол пронајде 67 слики во стан во Виена, украдени во 2014 година

Европол соопшти во среда дека во еден стан во Виена се пронајдени 67 слики, украдени пред две години од една тамошна вила.

 

Повеќе: Европол пронајде 67 слики во стан во Виена, украдени во 2014 година

Џоан Роулинг се враќа со нова книга

Светски познатата британска писателка Џоан К. Роулинг го објави на Твитер насловот на следната книга од серијалот кој го пишува под псевдонимот Роберт Галбрејт, пренесе во средата ТАСС.

Повеќе: Џоан Роулинг се враќа со нова книга

Страница 13 од 21

JT Fixed Display